„Танго Компас“ како спој на класичната музика и џезот утревечер на Античкиот театар

Охрид, 31 јули 2015 (МИА) – „Охридско лето“ и оваа година покрај класичната програма нуди и неколку програмски содржини предвидени за пошироката фестивалска публика, концерти што се атракција и ексклузивитет. Токму таков е проектот „Танго Компас“, со светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и хармоникашот Марко Хатлак, што утревечер ќе биде изведен на Античкиот театар во Охрид.

Како што појасни селекторката на музичката програма на „Охридско лето“ Гордана Јосифовска-Неделковска, проектот „Танго Компас“ изобилува со музички набој, пресек на танго музиката на старите мајстори, како Пјацола, се до модерни автори што создавале дела за овој ансамбл.

-  Овој проект ќе понуди многу енергија, страст, врвни интерпретација, сето за големо уживање на фестивалската публика. И како најголем ексклузивитет на целиот овој проект е тоа што маестро Стефан Миленковиќ ќе можеме да го видиме и како врвен танчер, рече таа.

Миленковиќ истакна дека му недостасуваат зборови за да го изрази задоволството што е повторно во Охрид, дел од фестивалот „Охридско лето“.

- Едни од најраните и најубавите спомени ме врзуваат за Охрид. Уште како дете од некои осум, девет години, после моите настапи тука секогаш останувавме уште неколку денови на одмор. Звукот на брановите, овие планини,  мирисот на скарата, вкусната пастрмка, се до прекрасните луѓе, сето тоа останало некако засекогаш во моето сеќавање, така што моето доаѓање тука претставува некако дел од мојот живот, враќање во детството, рече меѓу другото Миленковиќ на прес-конференција во Охрид.

Тој забележа дека неговото долгогодишно присуство тука е убаво, но претставува и одговорност, што подобро да се претстави пред овдешната публика.

-  Овој проект е една нашата страст, нешто што ги комбинира нашите професии и животи, нашите животи инвидуално, но истовремено ги комбинира и нашите страсти во група... А истовремено настапувањето во група да остави простор за истражувања, да не е лимитирано и да не е стопроцентно традиционално изведувано. Некакво наше видување на тангото, како спој на енергија, страст, игра,  рече тој.

Словенечкиот хармоникаш Хатлак од своја страна рече дека „Танго Компас“ претставува спој на врвни уметници, солисти.

-    Тука сакавме да го споиме џезот и класичната музика, а тангото не е ниту едното, ниту другото, туку нешто помеѓу, притоа со доволно простор за импровизации. На репертоарот ќе бидат дела на стари мајстори, се до оригинални наши композиции, очекувам дека публиката тоа добро ќе го прифати, рече Хатлак.

Проектот „Танго Компас“ е дел од сите позначајни музички фестивали од типот на „Охридско лето“ во регионот и пошироко.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...