Груевски: Правиме напори за спроведување попис според највисоки стандарди

Скопје, 31 јули 2015 (МИА) - Имаме намера да спроведеме попис на населението во Македонија. Ги правиме сите напори да спроведеме попис според највисоки меѓународни стандарди, попис што нема да влее сомнеж кај никого, кај ниту една етничка заедница, кај ниту еден граѓанин, индивидуалец, политичка партија или кој било друг субјект.

Ова денеска го истакна премиерот Никола Груевски одговарајќи на собраниска седница на прашање на пратеничката Роза Топузова Каревска.

Груевски посочи дека во меѓувреме подготовките за спроведување на пописот се одвиваат во два правци - во правец на електронско поврзување на матичните евиденции за во најголем дел пописот да биде електронски и во таа насока веќе има резултати.

- Очекуваме до крајот на оваа година да пристигне целокупната потребна опрема за поврзување на сите што постојат матични евиденции во Македонија и со тоа нашите проценки се дека околу 70 проценти од прашањата за пописот би биле електронски одговорени односно нема да треба да бидат поставувани прашања до граѓаните туку софтверски, компјутерски со електронско поврзување на матичните евиденции ќе се соберат сите потребни одговори, рече Груевски. 

За оној дел кој ќе биде рачно теренски направен, оние преостанати 30 проценти кои ќе треба теренски да бидат поставени како прашања на граѓаните, нагласи Груевски, исто така се прават одредени подготовки.

- Клучната работа во овој дел е да се изврши набавка на т.н. fingerprint или електронска проверка на биометриските податоци на тој што треба да се попише за да се потврди дека тој е во земјата и дека тој е тој кој го дава одговорот на прашањето. Без такво нешто секогаш би имало сомнежи дали навистина човекот што требало да одговори одговорил, дали одговорил некој друг итн., потенцира Груевски.

Појасни дека се разработува една поширока анализа и шема како да се комплетира проектот кој подоцна би поминал на владина седница и би се реализирал.

- Сега е во фаза на подготовка тој проект. Значи, ги правиме сите напори да подготвиме изведба на попис по највисоки меѓународни стандарди, попис којшто нема да влее сомнеж кај никого и за којшто во секој момент ќе може да се обезбедат докази дека навистина тој кој ги дал одговорите е лицето кое е запишано, попис кој ќе биде на терен помалку оптоварувачки и за анкетарите и за оние кои ги одговараат прашањата бидејќи ќе имаат значително помал број прашања што ќе треба да ги постават затоа што поголем дел од прашањата ќе бидат електронски преземени од матичните евиденции кои постојат, додаде премиерот Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...