Нема веќе рестрикции на вода во Кавадарци

Кавадарци, 31 јули 2015 (МИА) - Решен е деценискиот проблем со осумчасовните рестрикции на вода во Кавадарци, соопшти денеска градоначалникот Александар Панов.

- Решавањето на проблемот е директна последица од беспрекорното функционирање на водоснабдителниот систем  и тоа по воведувањето на електронскиот систем за следење и регулирање на притисокот во градската водоводна мрежа, рече Панов.

Според него, инвестирањето во водоснабдителниот систем ги дава очекуваните резултати. Кавадарци и населените места ова лето и на над 40 степени имаат редовно и квалитетно водоснабдување.

Со воведувањето на скада системот се врши автоматска регулација на притисокот во системот, а постојано се следат и влезот на вода и потрошувачката. Секој дефект навреме е откриен блгодарение на овој компјутерски систем за кој ЈП „Комуналец” инвестираше околу 250 илјади евра.

- Потребата од вода за пиење најмногу е изразена во ваквите горештини. Домаќинското работење и работењето според препораките на науката се покажа и овој пат практично во ЈП „Комуналец”. Имаме и вишок вода која наскоро ќе ја отстапиме на општина Росоман. И оваа општина ќе го реши проблемот со водоснабудвањето. Во измнинатиот период со  помош на Владата инсталиравме систем за нови 150 литри во секунда. ЈП „Комуналец” на свој трошок ги репарира филтрите во извориштето Лукар, истакна градоначалникот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...