Наутро сончево, попладне облаци: Какво време ќе имаме деновиве и викендов?

Денеска во Македонија во претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Сепак за во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста. Во западните, југозападните и југоисочните предели постојат услови за развој на нестабилна облачност која што ќе услови слаби локални врнежи од дожд. Слаб северозападен и западен ветер, а во југоисточните предели ќе дува и слаб југоисточен ветер.

Утрово имаме температури од 11 до 21 степен, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 26 односно до 37 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

За викендов во Скопје се очекува претежно сончево со локална облачност која ќе се зголемува во недела и топло време. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 18 степени, а максималната дневна ќе достигне до 35 степени. УВ иденск 7

Во наредните денови во поголем дел од Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност, локално можни се слаби врнежи од дожд. Во среда претежно сончево, услови за врнежи од дожд во крајните југозападни предели. Максималните температури ќе се движат од 27 до 38 степени.

Идентични максимални температури ќе имаме и во четврток, но услови за врнежи од дожд во попладневните часови се очекуваат во северозападните и југоисточните предели. Во петок претежно сончево и топло. Во доцните попладневни и во вечерните часови услови за врнежи од дожд во западните предели. Максималната дневна температура до 27 односно до 38 степени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...