Хан: Македонија има право да ги контролира лицата кои сакаат да влезат на нејзина територија

Македонија има право, во согласност со меѓународните закони, да ги контролира лицата кои сакаат да влезат на нејзина територија и да им забрани влез на оние кои не ги исполнуваат критериумите, соопшти прес-службата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Комисијата знае за одлуката на Владата да прогласи вонредна ситуација во областите долж јужната и северната граница. Комисијата е подготвена и натаму да и дава хуманитарна помош на Македонија, се вели во изјавата на прес-службата на Хан што ја пренесува Танјуг.

Европската комисија, како што се наведува, внимателно ја следи ситуацијата на македонско-грчката граница и останува подготвена и натаму да и испраќа хуманитарна помош на Македонија. Се потсетува дека ЕУ досега обезбедила 90.656 евра хуманитарна помош за Македонија, како и дека во завршна фаза е програмата за помош на регионот на Западен Балкан и Турција во вредност од осум милиони евра што треба да биде спроведен веќе во септември.

Намален напливот на мигранти на северната граница

Жителите на маалото Сланиште лоцирано на крајот од кумановското село Табановце, над железничката пруга, информираат дека изутринава и вчера нема наплив на илегални мигранти, пренесе МИА.

Тие велат дека откако екипите на Црвениот Крст и на УНХЦР ги поставиле монтажните објекти, мигрантите не минуваат во голем број по нивите, односно илегалните патишта кои водат кон соседна Србија.

Жителите на Сланиште се чувствуваат побезбедно откако вчера беше прогласена кризна состојба поради напливот на мигранти

Жителите на Сланиште се чувствуваат побезбедно откако вчера беше прогласена кризна состојба поради напливот на мигранти. Жителите и граѓанските активисти од повеќе невалдини организации кои беа лоцирани на ова подрачје, потврдуваат дека вчера пристигнал еден воз од Гевгелија околу 13 часот.

Од Итната помош Куманово изутринава потврдија дека вчера не интервенирале на Железничката станица во Табановце. Од општинската организација на Црвениот крст Куманово информираат дека нивни активисти помагаат на јужната граница и дека на Железничкиот премин Табановце нема потреба од поголема ангажираност, бидејќи нема наплив на мигранти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...