Нема задржување на мигрантите во Табановце

Нема задржувања на мигрантите кои со воз доѓаат од Гевгелија на железничката станица Табановце.



Жителите на ова село, вечерва информираа дека штом пристигне воз со мигранти на железничката станица Табановце, тие мошне кратко се задржуваат, обично, одмараат, се освежуваат, јадат и го продолжуваат патот кон соседна Србија.

Во текот на претходниот ден, во 16 часот пристигнале околу 200, а во 21 часот, помеѓу 300 и 400 мигранти. Од невладините организации очекуваат да пристигне воз околу 01.30 часот.

Од Црвен Крст Куманово укажуваат дека мигрантите на железничката станица не се задржуваат, бидејќи тука не чекаат на документи. На железничката станица има екипи на Црвен Крст и на невладини организации.

Поставени се монтажни објекти каде што мигрантите можат да се засолнат, а денеска функционираат и тоалетите кои деновиве ги поставија екипи на Црвен Крст и на УНХЦР.

Од Итна помош Куманово потврдуваат дека во текот на денешниот и вчерашниот ден не биле повикани за каква било интервенција на железничката станица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...