Состојбата со мигрантите на границата кај Гевгелија под контрола

Состојбата на границата со Грција е под контрола. Од македонска страна, како што информираат од полицијата се пропуштаат одреден број мигранти кои чекаат на границата согласно капацитетите на државата. Предност имаат поранливите категории. На дивиот граничен премин од грчката страна се уште има поголема група мигранти.



Претставници на УНХЦ информираат дека синоќа поради обилните врнежи македонската полиција на дивиот премин на македонско грчката граница пропуштила поголема група мигранти додека вчера во текот на денот пропуштани се ранливи групи на мигранти, односно повредени и мигранти со мали деца.

Воз со околу 300 мигранти утринава во 5 и 15 часот заминал од Гевгелија за Табановце, информираат од Железничката станица во Гевгелија.

Оттаму посочуваат дека за денеска се најавени повеќе вонредни возови за транспорт на мигранти, а патниците од меѓународниот воз од кој сообраќа од Белград до Солун утрово со автобус се упатија кон Грција.

Во текот на вчерашниот ден пет композииции со мигранти ја напуштија железничката станица во Гевгелија од нив три на редовна линија, а два вонредни и се упатија кон Табановце.

Како што инофмрираат од Железничката станица во Гевгелија композициите се со капацитет од 200 до 700 лица.

Следниот воз за табановце треба да дојде околу 10 часот.

На железничката станица во гевгелија има околу 200 до 300 мигранти. Мигрантите кои доаѓаат најчесто се од Сирија, Авганистан, Ирак, пакистан, Сомалија, Палестина, Конго, Бангладеж, Нигерија, Камерун, Еритреја, Етиопија. До вчера на вкупно 41.595 странски државјани им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...