АДСДП ќе добие сопствена зграда – Ќе се скратат трошоците за кирии

АД за стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП) ќе добие ново седиште, за што денеска беше поставен камен темелник, на кој што присуствуваа премиерот Никола Груевски и директорот на акционерското друштво, Цветко Грозданов.

Премиерот истакна дека Владата продолжува со инвестиции во насока на долгорочно сместување на институциите во свои објекти, со што ќе се намалат трошоците за кирии.

Со ова се става крај на несоодветните просторни услови во кои со децении работеа вработените во акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор. Значително ќе се подобрат условите за работа на 180 вработени. Изградбата ќе трае околу 2 години и е предвидено зградата да биде готова до крајот на 2017 година, истакна Груевски.

Изградбата ќе трае околу 2 години и е предвидено зградата да биде готова до крајот на 2017 година, истакна Груевски.

Изградбата ќе трае околу 2 години и е предвидено зградата да биде готова до крајот на 2017 година, истакна Груевски.

Тој додаде дека со изградбата на вакви објекти се заштедуваат буџетски средства, бидејќи не се плаќаат кирии, а истите се енергетски ефикасни.

Самата зграда дополнително ќе остварува и приходи, бидејќи дел од просториите ќе бидат дадени под наем.

Директорот Грозданов истакна дека новата зграда ќе се протега на површина од 1547 метри квадратни.

Новите простории на АДСДП ќе бидат сместени во зграда на 6 ката и приземје со површина од 6400 метри квадратни и 9 деловни простории, потенцираше Грозданов.

Изградбата на новата зграда, во која ќе биде сместено акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, а која се наоѓа во близина на Министерството за надворешни работи, ќе чини 519 милиони денари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...