Нови 6.000 мигранти денеска ќе поминат низ Македонија

Гевгелија, 10 септември 2015 (МИА) – Според проценката на сите чинители вклучени во справувањето со бегалската криза присутни во прифатниот камп во Гевгелија во текот на вчерашниот ден низ нашава земја транзитирале околу 6.000 мигранти од прифатниот камп во Гевгелија до Табановце.

Од железничка станица информираа дека од платформата кај кампот вчера кон Табановце заминале пет специјални воза со околу 3.300 мигранти, а утрово пред околу половина час замина и првиот денешен воз кон Табановце со околу 600 мигранти.

Од железничка потврдија дека и денеска се подготвени да одговорат на барањата од кампот со уште специјални возови кои се подготвени и чекаат на повик.

Вчера голем дел од мигрантите се превезуваа со автобуси и такси возила кон Табановце, а тоа е случај и утрово. Околу 30-ина автобуси и такси возила ги чекаат мигрантите на мостот кај Сува Река и оттаму ги превезуваат кон северната граница. Голем дел од нив веќе заминаа на пат да превезуваат мигранти, а останатите овие моменти ги чекаат групите што пристигнуваат од кампот и тие во секој момент ќе се упатат кон Табановце.

Според напливот на мигранти во прифатниот камп, се очекува и денеска низ нашава земја да транзитираат околу 6.000 мигранти. Превозот е добро организиран и барем засега се одвива без потешкотии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничк седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...