Годинава повеќе сообраќајки во Скопје, најчеста причина човечкиот фактор

Градот Скопје заедно со МВР во изминатиот период интензивно работи на подобрување на безбедноста на сообраќајот, како и во донесувањето на законската регулатива која се носи во областа на безбедноста на сообраќајот, нагласи скопскиот градоначалник Коце Трајановски по денешната средба со министерот за внатрешни работи Митко Чавков, на која разговараа за безбедноста во сообраќајот во Скопје.



Првите осум месеци од годинава, истакна минситерот Чавков, имаше засилени активности на подрачјето на Скопје. На дневна основа се вршени контроли врз повеќе од 380 учесници во сообраќајот, кои резултирале со над 70 покани за глоба, а приближно 15 возачи се исклучуваат дневно од сообраќај.

Од јануари до август годинава од сообраќај, низ целата држава, се исклучени 3.708 возачи, од кои под дејство на алкохол се санкционирани 1.548, додека без положен возачки испит санкционирани се 1.785 возачи. Во истиот период, информира Чавков, од сообраќајната полиција издадени се над 18 илјади покани за глоба, што претставува за 15 проценти повеќе во однос на истиот период лани.

Најчеста причина за сообраќајките во Скопје, според извршените анализи, посочи министерот Чавков, е човечкиот фактор односно брзо возење, непочитување на правилата за првенство на минување и управување на возила под дејство на алкохол. Како најчувствителна точка во Градот Скопје, е издвоен булеварот „Партизански одреди“.

- За жал годинава имаме зголемување на бројот на сообраќајни несреќи во период јануари-август годинава за 1,5 проценти во споредба со истиот период лани. Од случените сообраќајни незгоди 27 се со загинати лица, а од вкупно евидентираните, во 144 сообраќајки учесниците минале со тешки телесни повреди, изјави министерот за внатрешни работи.

Според него, неопходни се натамошни пред се нормативни измени во делокругот на полициското работење. Во делот на урбаните средини, меѓу другото, рече Чавков, предложено е намалување на брзината на движење на јавен пат во населено место од 60 на 50 киолометри на час. За управување на возилото над дозволената брзина, потенцира, ќе се изрече глоба во вредност од 400 евра или 65 негативни поени.

- Особено е важно без разлика дали возачот ќе ја плати глобата или ќе му бидат впишани негативни поени, за него почнува постапка пред надлежен орган за забрана за урпавување соп возило од 6 до 12 месеци, рече Чавков.

Во рамки на низата активности кои се преземаат за зголемување на безбеднсота во сообраќајот во градот Скопје, градоначалникот Трајановски, го спомена проширувањето на булеварите согласно сите стандарди за безбедност на сообраќајот, со комплетна хоризонтална и вертикална сигнаслизација.

- Со максимални напори правени се и велосипедски и пешачки патеки, кои се соодветно одбележани, потенцира Трајановски, осврнувајќи се и на Акциониот план 2015-2017 година изработен од Градот Скопје во чии рамки треба да се направат и велосипедски патеки во должина од 51 километар.

Потсети дека е формиран и Центарот за управување и контрола на сообраќајот во Градот Скопје, како и на постапката која е во тек за воведување автоматстска локација на автобуси и смарт билетите, со што ќе се зголеми бројот на луѓето кои ќе го користат јавниот автобуски превоз.

Градоначалникот Трајановски апелираше да се не се прави политика од изгубените човечки животи во сообраќајните несреќи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...