Финални разговори за изборното законодавство во Клубот на пратениците

Скопје, 6 октомври 2015 (МИА) - Во Клубот на пратениците денеска продолжија разговорите за измени на изборното законодавство во согласност со договорот од Пржино. На средбата присуствуваат преставници на четирите политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, европскиот посредник Питер Ванхауте, како и евроамбасадорот Аиво Орав. 

Белгискиот експерт Ванхауте пред средбата изрази очекување дека до полноќ или до раните утрински часови ќе биде постигнат договор. Исто така очекува на средбата да се приклучат и лидерите на партиите.

Претходно во изјава за медиумите лидерот на СДСМ Зоран Заев потврди дека бил повикан да присуствува на средбата.  

Во разговорите денеска учествуваат Никола Попоски, Никола Тодоров и Силвана Бонева како претставници на ВМРО ДПМНЕ, а Дамјан Манчевски, Оливер Спасов и Цветанка Иванова од СДСМ.

Од албанските партии присутни се Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА.

Ванхауте денеска пред Клубот го пречекаа претставнички на Македонското женско лоби, кои му доставија документи со барање до сите учесници во преговорите за зголемување на квотата на жените во Изборниот законик. Тие бараат 40 отсто од политичарите да бидат жени, вклучувајќи ги во изборите за кандидати за градоначалници и останатите функции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...