kapital

Ако Вељаноски не може, предлагачите можат да го повлечат спорниот закон за забрана на „бомбите“

Откако по притисокот, особено на меѓународниот фактор, собранискиот спикер Трајко Вељаноски се сложи да го врати на доработка денеска предложениот од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ спорен закон, популарно наречен – за забрана на „бомбите“ (што беше протолкуван во јавноста и како обид за цензура), се појави нова информација дека законот не може да биде вратен, зашто спикерот веќе го ставил во процедура. Имено, Вељаноски предлог-законот веќе го испратил до пратениците на разгледување, и сега истиот можат да го повлечат само предлагачите од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ.

Извори од преговорите велат дека по исклучително напнатата ситуација што настанала по последната информација во Работната група каде маратонски сѐ уште се преговара за изборниот пакет, преговарачите на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ под силен притисок (и) на присутните меѓународни претставници, прифатиле предлагачите на законот, Талат Џафери и Крсто Мукоски, истиот да го повлечат. Доработката на законот, според истите извори, треба да биде во духот на договореното во Пржино, односно да оди кон тоа да не се објавуваат нови „бомби“, туку соодветните материјали да му бидат предадени на Специјалниот јавен обвинител. Според изворите од преговорите, странците јасно порачале дека едно вакво законско решение не смее да важи ретроактивно, за досега објавените „бомби“ (не може да се повлекуваат од медиумите веќе објавените „бомби“, преку кои, на крајот на краиштата, и дојде до ескалација на политичката криза, и за чиј правен третман е формирано Специјалното јавно обвинителство).

Целото име на предлог-законот што денеска беше поднесен е Предлог на закон за забрана за поседување, обработка, објавување и располагање со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникациите.

Во неговиот член 1, покрај јасната сѐопшта забрана (за поседување, обработка, јавно објавување преку медиуми, социјални мрежи, веб портали и било која друга форма на јавно објавување и располагање на било кој начин со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации), предлагачот индикативно почувствувал потреба да потенцира и дека забраната важи и во изборниот процес. Најмалата казна за прекршување на законот се предлага да биде најмалку четири години, а ако поради објавување или пренесување прислушувани или тонски снимени разговори или делови од нив или нивни транскрипти настане правна или материјална штета на лице инволвирано во материјалите, или пак тоа заврши со тешки телесни повреди или смрт, казната расте постепено до најмалку десет години.

Од ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денот кога се постигнал договорот за Законот за специјално обвинителство, во присуство на претставници на амбасадата на САД, на Европската Унија, како и на делегации на другите три најголеми политички партии, дал збор дека до 20 октомври Собранието треба да донесе Закон со кој ќе се забрани злоупотреба на „бомбите“.

Но, од СДСМ одговорија дека ваков закон како што денеска е предложен не бил дел од Договорот од 2 јуни/15 јули.

„Ваков закон ниту е договорен, ниту е дискутиран меѓу потписниците на договорот. Овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ е обид да го нарушат преговарачкиот процес. Тоа нема да го дозволиме“, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, кој извлече и заклучок дека со поднесувањето на законот ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги прогласиле за автентични материјалите што ги нарекуваа лепени, сечени, монтирани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...