На Табановце приведен македонски државјанин баран за шверц на дрога

Скопје, 7 октомври 2015 (МИА) - Царински инспектори од Одделението за истраги вчера на граничниот премин Табановце - автопат го лишија од слобода македонскиот државјанин М.Ф., против кого во февруари годинава беше поднесена кривична пријава за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Во моментот на откривање на кривичното дело, осомничениот не беше достапен на органите на прогонот, а судија на претходна постапка во отсуство му одреди мерка притвор во траење од 30 дена од денот на неговото пронаоѓање.

- Вчера, осомничениот М.Ф. пристигнал на граничниот премин Табановце – автопат и се пријавил за влез во државата, при што, согласно законските овластувања по преземените мерки и активности, царинските инспектори од Одделението за истраги го приведоа осомниченото лице и го изведоа пред судијата на претходна постапка при Основниот суд Куманово, кој му изрече мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти Царинската управа.

Како што појасни Царинската управа, на 15 февруари годинава, при претрес на патнички автомобил со македонски регистарски ознаки, управуван од лицето Ж.К македонски државјанин, во патна торба царинските службеници од граничниот премин Табановце пронајдоа пар долни тренерки во чии ногавици помеѓу поставата се откриени два црни чорапи наполнети со непозната густа материја со бела боја позната како амфетамин со тежина од 191 грам. 

Од спроведената предистражна постапка, царинските инспектори од Одделението за истраги најдоа докази кои укажуваа на фактот дека во извршувањето на кривичното дело е замешано уште едно осомничено лице со иницијали М.Ф, исто така македонски државјанин, кој долги години живее и работи во Германија, а кој во моментот на откривање на кривичното дело не бил на територија на Република Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...