Од Прилеп ќе почне 11. Фестивал на новиот германски филм

Скопје, 7 октомври 2015 (МИА) - Со проекцијата на криминалниот филм „Роден во болка“ утревечер во Центарот за култура во Прилеп ќе почне 11. издание на Фестивалот на новиот германски филм. 

Под мотото „Сакам филм“, ќе бидат прикажани десет актуелни германски продукции од минатата и од оваа година, во десет македонски градови-Скопје, Прилеп, Куманово, Битола, Охрид, Велес, Тетово, Кавадарци, Штип и Струмица.

Свеченото отворањето на фестивалот е на 14 октомври во киното „Милениум“ во 19.30 часот. Предвиден е прием на кој ќе присуствуваат германската амбасадорка во Македонија Кристине Д. Алтхаузер и претставници од ПроКредит Банка. 

Во рамки на фестивалот, до 18 октомври во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе бидат прикажани уште девет други филмови-комедии, драми, еден историски филм и два детски. Изборот прикажува пресек на широката палета на германската кинематографија, поддржана со јавни средства. Сите филмови може да се видат во оригинал на германски јазик, со македонски поднаслови, а во Тетово албански.

Фестивалот на новиот германски филм е најголемото достигнување во годината на културната програма на Германската амбасада. 

- И годинава ни успеа да ја прикажеме разноликоста на германската кинематографија на македонските киноекрани, со теми кои се важни за секого, изјави германската амбасадорка Кристине Д. Алтхаузер.

Билјана Северинова од ПроКредит Банка истакна дека македонската публика од година во година се повеќе покажува интерес за филмско доживување од германската кинематографија. - Затоа како германска банка веќе втора декада со големо задоволство се вклучуваме во овој проект, рече Северинова.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...