Побарани 153,5 години затвор за 35 обвинети од Албанија, Косово и Македонија за трговија со дрога во Франција

Париз, 9 октомври 2015 (МИА) - Јавното обвинителство на Франција побара вкупно 153,5 години затворска казна во маратонското судење на 35 лица од Албанија, Косово и Македонија обвинети за трговија со дрога во организирана група на територијата на „Трите граници“, поточно Франција, Германија и Швајцарија, јавува дописникот на МИА од Париз.

Судењето на 35 лица започна на 28 септември, а меѓу обвинетите има и три лица од Македонија, кои се товарат за шверц со наркотици - хероин и кокаин во стотина килограми, според обвинителството, во регионот на Сен-Луи, на трите граници со Франција, Швајцарија, Германија.

Истрагата, беше отворена во текот на втората половина од 2010 година. Опфати истражување, со повеќе физички набљудувања, прислушувања и озвучувувања на автомобили, што доведе до масовна полициска акција на апсења на 16 октомври 2012 од страна на швајцарската, француската и германската полиција.

Обвинителите побараните високи казни ги образложија во нивниот завршен збор, кој траеше неверојатни 7 часа и 10 минути. Покрај побараните 153,5 години затворска казна, кои се движат од една до 10 години, за сите обвинети, освен тие кои имаат француско државјанство, побарано е доживотна забрана за престој на француска територија, протерување од француската територија по издржувањето на казната и нивно испраќање во затвор по соопштувањето на пресудите, за лицата кои не ги имаат доиздржано казните, како и налози за апсење на лицата кои се во бегсто.

Најголемиот број од обвинетите веќе имаат поминато од една до две години во затвор во рамки на истражната постапка, а пет лица се уште се во затвор.

Обвинтелството побара и високи парични казни за обвинетите кои заедно изнесуваат околу 350. 000 евра, како и одземање на нивните запленетите добра.

За обвинителството „казната затвор е прифатлив ризик за деликвентите, но не и одземањето на плодовите од криминалот“. 

Според оценката на набљудувачите на судењето, Јавното обвинителство на меѓурегионалната специјализирана судска инстанца, побара казни за „пример“, бидејќи максималната казна за овие дела изнесува 10 години затвор. Јавниот обвинител во воведниот збор, пред да се посвети на секој обвинет поединечно, посебно инсистираше на фактот дека „од пред десетина години албанската криминална средина скоро целосно ја контролира трговијата со хероин и кокаин во регионот на границата меѓу Франција, Швајцарија и Германија“, повикувајќи се на статистичките податоци од француските затвори, каде бројот на затворениците со албанско државјанство се зголемил за неколкупати во последниве години. Оваа група, на која и се судеше, според обвинителството, не функционирала на пирамидален, туку на клански начин, со многу ограноци.

При апсењата кои беа спроведени од страна на специјализираните полициски сили на Франција, Германија и Швајцарија во 2012 година, беа пронајдени 8,5 килограми хероин и кокаин, 50 килограми производи за мешање на дрога и големи суми на пари.

За македонските државјани се побарани казни затвор од 5, 6 и 7 години затвор.

На адвокатите за нивниот завршен збор на одбраната им беа потребни два дена за да ги изнесат нивните аргументи и да ги отфрлат доказите на обвинителството, во едно досие кое брои околу 40.000 страници или околу дваесетина сандаци со документи. Во текот на судењето адвокатите често ја критикуваа истражната постапка, како и арбитрарното држење во привремена мерка затвор на обвинетите, од кои некои чекаат на судењето веќе три години во затвор. Но, претседателот на судот од Нанси, го отфрли барањето на адвокатите за ослободување на четворица од нив за да се бранат од слобода до крајот на судењето;

Судскиот совет на Специјализираниот меѓурегионален суд со седиште во Нанси, во моментов заседава за донесување на судските одлуки за 35-мината обвинети, кои како што беше најавено ќе треба да бидат соопштени доцна вечерва.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...