Се расчистува речното корито и се прави проценка на штетите во Куманово

Куманово,13 октомври 2015 (МИА) - Општина Куманово да продолжи со расчистување на речното корито, а утре општинската комисија за проценка на штети да  објави оглас согласно кој граѓаните ќе можат да ги пријават штетите од неoдамнешната поплава.
 
Ова се двете донесени одлуки кои ги презентираше градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, по одржаниот работен состанок  со заменик министерот за транспорт и врски, Неметула Халими, пратеници и локалните служби .
 
На состанокот, посочи Дамјановски, било разговарано и за пронаоѓање решение за решавање на проблемот со излевање на реката,со кој се соочуваат граѓаните кои живеат околку градскиот и стадионот „Башкими“.
 
Заменик министерот за транспорт и врски Халими по одржаниот состанок изјави дека тука се дојдени да помогнат при решавање на проблемите, особено инфраструктурните кои ги засегаат граѓаните на општина Куманово.
 
На состанокот, изјави Дамјановски, бил постигнат и договор за натамошни активности меѓу кои и средба со претставници од Министерствата за транспорт и врски и животна средина и просторно планирање, како и од Дирекцијата за води, општинските претпријатија и водостопанство „Кумановско-липковско поле“, со цел да се изнајде конечно решение за проблемот на граѓаните со излевање на реката, на околу 150 куќи, лоцирани околу градскиот и стадионот „Башкими“.
 
 - Проблемот е хроничен и датира од донесениот ГУП од 2002,план кој веќе не е во употреба и не дава можност за решавање на теренскиот проблем.Имаме узурпација на дивоградби во тој регион кои со Законот за легализација се во функција, така што можноста за изградба на профил на реката кој е предвиден со Законот за урбано-просторно планирање не е можно да се изведе, рече Дамјановски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...