Продолжуваат разговорите за отворените прашања од договорот oд Пржино

Скопје, 24 октомври 2015 (МИА) – Белгискиот експерт Питер Ванхауте денеска ќе продолжи со одвоени средби со претставници на политичките партии кои учествуваат во разговорите за спроведување на точките од договорот во Пржино.

Ова е исходот од ноќешната двочасовна средба на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи во Клубот на пратениците, на која присуствуваа и евроамбасадорот Аиво Орав, претставник на Амбасадата на САД и белгискиот посредник Ванхауте. Лидерската средба се одржа по неуспешните разговори минатиот понеделник на кои присуствуваше и еврокомесарот Јоханес Хан.

По средбата изјава даде само белгискиот посредник Ванхауте, кој го најави продолжувањето на одвоените средби.

- Имавме добар состанок со претставници на различните партии, што секогаш го сметам за корисно, особено кога на нив присуствуваат и лидерите на партиите. Јас сум релативно оптимист. Најважно е што тие почнаа да зборуваат меѓу себе. Тоа е есенцијално за да се постигне каков било напредок. Од таа перспектива имавме многу добар состанок, изјави Ванхауте.

На прашањето дали очекува напредок, рече дека не може да исклучи ништо, но побара трпеливост.

- Денеска ќе продолжиме со состаноците на ниво на работни групи, но не на целите работни групи туку тоа ќе бидат билатерални средби бидејќи за одредени прашања немаат сите партии особен интерес. Затоа е подобро да се почне со билатерални состаноци а потоа со работните групи, рече тој.

На средбата, според Ванхауте, било разговарано за сите отворени прашања, како што се специјалниот обвинител, за министрите, за прашањето за законот за „свиркачите“, за законот за необјавуање на прислушуваните разговори, за законот за Владата вклучувајќи ја и улогата и мандатот на замениците – министри.

Не сакаше да прогнозира дали следната недела би можеле да очекуваме конечен договор за точките од договорот од Пржино, но посочи дека се надева на најдобар исход и дека партиите активно ќе работат бидејќи времето притиска, како и објавувањето на Извештајот за напредокот на земјата на ЕК и препораката за Македонија за членство во ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...