ЕК: Колку бегалци можат да сместат Македонија и земјите од балканската рута?

Брисел, 29 октомври 2015 (МИА) - Европската комисија очекува на денешната пленарна видео-конференција меѓу контакт-личностите што ги определија лидерите на земјите-учеснички на мини-Самитот во неделата, посветен на бегалската криза, да соопштат која од земјите, меѓу кои и Република Македонија е подготвена за колку бегалци привремено да смести на својата територија.
 
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, државниот секретар во македонското Министерство за внатрешни работи Анастасија Илиеска е одредена како контакт-личност на Македонија во редовната комуникација со Брисел и останатите 12 земји што партиципираа на неделниот мини-Самит и кои се обврзаа на соработка за прашањето што ја загрозува безбедноста и иднината на европскиот континент.
           
Според главниот портпарол на Европската комисија Маргаритис Схинас, земјите што партиципираа на недлениот состанок се обврзале во смисла на тоа дека дискутирале и се согласиле на лидерската изјава што беше објавена во неделата.
 
- Она што треба да го сториме сега е да ги преведеме овие обврски во акција на земја. Не е до мене да ви кажувам во каква ситуација се бегалците во моментов, заглавени во шумите во многу тешки услови и затоа инсистираме на потребата да се движиме од дијагноза во имплементација и тоа е поитно од секогаш. Не смееме да губиме ниту еден момент, апелираше гласноговорникот на Еврокомисијата.
            
Наташа Берто, портпаролка на Димитрис Аврамопулос, еврокомесар за миграција и внатрешни работи, пак, потсети дека лидерите на земјите-учеснички на Самитот во неделата, меѓу кои и македонскиот претседател Ѓорге Иванов, се согласиле на две работи: да ги зголемат капацитетите за прием во Грција до 50 илјади лица до крајот на годината и да обезбедат капацитет за уште толку лица на западно-балканската рута.
 
- Ова не е за постојано сместување на луѓето, бидејќи  ќе има такви што ќе бидат предвидени за шемата за преместување од Италија, каде луѓе ќе имаат апликации за азил, како и во Грција, а кои не се Сиријци. Ќе има луѓе за кои ќе се донесе негативна одлука во однос на нивното барање на азил. Затоа, тие ќе бидат предмет на процедурата за враќање, појасни Берто.
 
Според гласноговорничката на официјален Брисел, се работи за различни лица што нема постојано да живеат во овие центри, кои всушност ќе бидат први центри за прием каде ќе имаат покрив над глава додека им се процесираат барањата. Што се однесува до западно-балканската рута, според Берто, лидерите се согласиле да ги зголемат капацитетите за прием, исто така, до 50 илјади лица.
 
- Сепак, механизмот за преместување на бегалците функционира само за Италија и Грција, не и за другите земји-членки на ЕУ и на трети земји од Западен Балкан. Значи не, овие центри нема да бидат за преместување, туку да се осигура дека луѓето што ќе се движат на оваа рута нема да бидат оставени да спијат на полиња или на дожд и студ. Ова е да се обезбеди засолниште и одмор за луѓето што имаат потреба, додаде портпаролката на ЕК.
           
На прашањето на дописникот на МИА како и каде Брисел размислува да размести 50 илјади лица на западно-балканската рута, ако претседателот на Македонија, Иванов, рече дека македонската држава има капацитет да смести само две илјади лциа, додека српскиот премиер Александар Вучиќ во неделата потенцираше дека тој капацитет на Србија е три илјади лица, портпаролката на еврокомесарот Аврамопулос со одговор:
           
- На мини-Самитот во неделата имаше лидери што специфично одредија бројки што тие сметаа дека е можно да се воспостават до крајот на годината. Причината што не вклучивме распоредување уште веднаш е да се даде можност на лидерите да заминат дома и да проверат со своите министри за внатрешни работи, да ја проверат инфраструктурата за да се осигураат дека ќе можат да се посветат на прецизна бројка. Ние сме убедени дека бројката од 50 илјади луѓе може да се постигне, појасни Наташа Берто.
 
Според портпаролката на Еврокомисијата, денеска попладне ќе има пленарна видео-конференција со сите контакт-личности што лидерите ги одредија, меѓу кои од Македонија е Илиеска од МВР, што ќе биде можност, а и Комисијата ќе побара од сите нив да излезат со попрецизни бројки за својата земја.
 
- Оние што се сомневаа во корисноста од неделниот лидерски состанок, да потсетам дека сега имаме систем што ги обединува сите и ги принудува да разговараат и да делуваат. Такво нешто не постоеше во неделата наутро, дециден е Маргаритис Схинас, главниот портпарол на Европската комисија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден ден се изгуби жената на поглаварот и ние ја најдовме. Тој ни даде да и се качиме по еднаш. Другиот ден се изгуби жената на врачот, ние ја најдовме и тој ни даде да и се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива по влажни патишта, а на некои повисоки места ина остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на ЈП „Македонија...
Верски календар
На денешен ден
1500.- Шпанскиот морепловец Висенте Ханес Пинсон...
1531.- Португалија ја зафати катастрофален...
1788.- Британски бродови со првите доселеници од...
1823.- Умре англискиот лекар Едвард Џенер,...