Препораки од Координативното тело за најавените обилни врнежи

Скопје, 24 ноември 2015 (МИА) -  Поради најавените обилни врнежи од дожд Координативното тело за управување со кризи денеска упати препораки до општините, градоначалниците, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Центарот за управување со кризи (ЦУК), компанијата ЕВН, Армијата на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Во препораките Координативното тело укажува градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси и да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да вклучат претставници од ЦУК, ДЗС и  МВР. Се препорачува и градоначалниците кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување и да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови.

Во препораките е наведено постојано да се следи водостојот на реките, да се следи и нивото на акумулациите, единиците на локалните самоуправи да интервенираат на мостови каде има опасност од задржување големи наноси од надојдените реки, сите граѓани кои сметаат дека се загрозени да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК, припадниците на МВР и Министерството за одбрана да бидат подготвени за интервенција.

На возачите им се препорачува навреме да се информираат за состојбата на патните правци од страна на АМСМ и се апелира до месното население да помага и да се активира.

Од Министерството за транспорт и врски истакнуваат дека надлежните институции се во постојана координација и комуникација со цел навремено да се преземат превентивни мерки за избегнување евентуални несакани последици. 

Во наредните денови, според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на серија влажни бранови од Медитеранот, се очекува врнежи на дожд и над 40 литри на метар квадратен.  Пообилни врнежи се очекуваат во северозападниот дел на земјата, а на повисоките планини и повремен снег.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...