Во Пехчево изградена велосипедска патека, како дел од Програмата за зачувување на природата

Пехчево, 25 ноември 2015 (МИА) - Во Пехчево во рамки на проектот  „Промовирање  интегриран пристап за одржливо управување со карактеристичните природни ресурси во Пехчево“, како дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка, е изградена велосипедска патека долга 10 километри. 
 
Ирена Каракутовска, координатор на проектот од НВО Милеуконтакт Македонија денеска во Пехчево ги презентираше резултатите од проектот кој обезбедува услови за одржливо управување со природните ресурси во Општина Пехчево.
 
- Патеката е долга 10 километри и таа го поврзува Пехчево со познатите туристички места, „Вртена скала“, „Делибови кашчи“ и „Јудови ливади“, каде се наоѓа ендемскиот вид на инсектојадното растение Drosera rotundifolia. Патеката е маркирана, поставени се информативни табли, патокази, канти за отпад по нејзината должина,  изготвена е мапа, а за потребите на туристите обучени се 7 локални водичи кои ќе им помагаат на туристите во запознавањето на Пехчево и природните раритети во овој дел од Малешевијата, рече Каракутовска.
 
Проектот го имплементира Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт Македонија, организација со која Пехчево соработува веќе 16 години. За првиот човек на оваа организација   Игор Славковски, реализацијата на овој проект отвора можности за идни проекти од областа на туризмот кои ќе донесат и дополнителни приходи на локалното население
 
- Задоволство е да се соработува со Пехчево, овде локалното население максимално се вложува во реализацијата на проектите и верувам дека  со велосипедската  патека направивме предуслови за иницирање на идни активности од областа на туризмот, рече Славковски.
 
За Пехчево, истакна градоначалникот Игор Поповски, како мала општина која се бори да се најде на туристичката мапа, како чиста и еколошка средина со бројни природни раритети, изградбата на оваа патека дава нов  квалитет во понудата за туристите. 
 
- Со пријателите од „Милеуконтакт Македонија“ изминативе години работиме во многу проекти, а целта е заедничка, да дадеме квалитетна основа за развој на туризмот како економска гранка која ќе даде и бенефит и за самото население и за општината, рече Поповски.
 
Инаку, проектот се работеше изминатите 11 месеци, а  чини околу 500 илјади денари и е дел од малите проекти на Програмата за зачувување на природата.
 
Досега преку  Програмата  за зачувување на природата во двата повика се поддржани 20 проекти на здруженија и 14 проекти на општините од Брегалничкиот слив, со вкупна вредност од 20 милиони денари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...