Конференција: Македонија има напредок во децентрализацијата

Скопје, 26 ноември 2015 (МИА) - Фискална децентрализација, обезбедување еднакви локални услови за сите граѓани и што повеќе да се користат средства од различни фондови, се главни предизвици со кои се соочуваат општините во Македонија. Ова го констатираа учесниците на меѓународната конференција „Предизвици и перспективи во регионалниот и локалниот развој-Децентрализација и ЕУ пристапување“ што денеска и утре се одржува во Скопје. 

Организатори на конференцијата се Министерството за локална самоуправа, ГИЗ,  Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП.

Конференцијата ја отвори министерот за локална самоуправа Лирим Шабани кој потсети дека во Македонија скоро една и пол деценија се спроведува процесот на децентрализација. 

- Децентрализацијата била и се уште е главен приоритет на нашата држава, поради нејзината комплексност и влјанието на односите меѓу сите чинители на хоризонтално и вертикално ниво, во сите сфери на делување, рече Шабани. 

За таа цел, нагласи тој, Владата ја усвои шестата Програма за одржлив локален развој и децентрализација, 2015-2020. Програмата има за цел создавање економски посилни, развојно ориентирани и инклузивни единици на локалната самоуправа, способни да обезбедат сеопфатен, иновативен и одржлив локален раст и развој на подрачјето на кое делуваат.

Вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери смета дека фискалната децентрализација е еден од предизвиците за општините. 

- Од анализите кои ние ги правиме, досега е докажано дека само 5 или 6 отсто од БДП се распределуваат на општините, што е мала сума. Поради тоа претставниците на општините треба да бидат поуверливи и да не убедат дека оваа распределба не е доволна за општините да можат да имаат одржлив развој и да нудат квалитетни услуги за нивните граѓани, рече Џафери. 

Тој нагласи дека процентот на БДП наредните години треба да биде 12 или 14 распределен на општините. 

Претседателот на Заедницата на единиците на локална самоуправа во Република Македонија ЗЕЛС Коце Трајановски рече дека децентрализацијата во Македонија почна во 2005 година и потсети на проектите кои досега се реализирани-легализирање на објектите, транспарентноста на електронско купување на неизградено градежно земјиште. Додаде дека администрацијата е поефикасна и постручна, а граѓанското општество се вклучува при креирање на општинските буџети.

- Градењето општини со европски вредности и стандарди е голем предизвик за нас на кој макотрпно работиме за да го постигнеме фискалниот капацитет на нашите европски партнери и да го издигнеме квалитетот на животниот стандард, како оној на европските граѓани, рече Трајановски.

Оцени дека има виден напредок во децентрализацијата но, како што рече, не е доволно и треба и понатаму да чекориме и како локална самоуправа преку ЗЕЛС да бараме што повеќе финансиски средства и надлежности.

На конференцијата беше истакнато дека децентрализацијата во Македонија ја поддржуваат УНДП, ГИЗ, како и Швајцарската и Германската амбасада во Македонија. Ќе бидат презентирани искуства од државите од регионот во имплементирањето на политиките за регионален и локален развој, децентрализација и ЕУ пристапувањето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...