Предлози од МАН за преговорите за медиумите

Скопје, 29 ноември 2015 (МИА) - Македонската асоцијација на новинари (МАН) денеска соопшти дека има неколку предлози за преговорите од областа на медиумите кои ги водат четирите политички партии. 

МАН предлага работата со Агенцијата за медиуми да ја водат непартиски лица. Претседател на инстутицајата да може да биде само лице кое заеднички би го предложиле двете новинарски асоцијации МАН и ЗНМ, а никако политичка партија, без разлика за која партија станува збор.

Во работата на Агенцијата за медиуми, како и во органите на јавниот сервис, смета МАН, треба да бидат првенствено и доминантно вклучени двете новинарски здруженија кои ќе предлагаат најмалку половина од членовите на Советот на МРТ и на Агенцијата за медиуми, а потоа во составот на овие тела да бидат вклучени стручни претставници на јавниот сектор како од македонскиот, албанскиот и турскиот театар, Адвокатската комора, претставници на МПЦ и Исламската верска заедница, универзитети, Заедницата на локална самоуправа и на МАНУ. Тоа обезбедува широка јавна контрола врз работата на медиумите.

МАН предлага со закон да се забрани какво било вплеткување на партиите во составот и работата на Агенцијата за медиуми и Програмскиот совет на МРТ, да се забрани членство за било кој партиски функционер, како и на партиите да предлагаат членови во тие институции.

- МАН апелира медиумите, поточно печатените медиуми насловната една третина да ја објавуваат црна со која ќе се изрази протест од фашизмот од СДСМ кон медиумската област, a телевизиите и радијата во 15 секунди да објават еден вид спот (телевизиите на црна позадина) во кој ќе се изрази протест од фашизмот од СДСМ кон оваа област, стои во соопштението на МАН.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...