СЈО:Да се донесе законот за јавнообвинителска служба

Скопје, 30 ноември 2015 (МИА) - Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите денеска апелираше до надлежните институции ургентно да го донесат законот за јавнообвинителска служба, неопходен за работата на ова јавно обвинителство. Од обвинителството истовремено апелираат секој кој поседува материјали од незаконско следење комуникации да им достави известување. 

Обвинителството во соопштение наведува дека изразува загриженост за одолговлекувањето на процесот на носење на законот за јавнообвинителска служба и укажува дека во интерес на целата јавност е овозможување непречени услови за неговата работа.

- Со овој закон се уредува начинот на вработување и статусот на стручниот, истражителски и административен кадар во ова Јавно обвинителство. Без овој закон функционирањето на ова Јавно обвинителство ќе биде значително отежнато од причина што стручниот, истражниот и административниот кадар имаат значајна улога за непречено извршување на работите и се подеднакво неопходни како и јавните обвинители. Во оваа прилика апелираме до надлежните институции ургентно да пристапат кон носење на Законот, со укажување дека во интерес на целата јавност е овозможување на непречени услови за работа на ова Јавно обвинителство, се вели во соопштението. 

Што се однесува до Законот за заштита на приватноста и предавањето на материјалите од незаконското следење на комуникации, стои во соопштението, ова Јавно обвинителство информира дека согласно членот 2 од Законот за заштита на приватноста, е надлежно за примање на материјалите.

- Во оваа насока појаснуваме дека секој кој поседува материјали од незаконско следење на комуникации е должен да ни ги предаде материјалите, согласно со закон. И покрај фактот што во јавноста беа објавени информации дека одредени физички и правни лица, како и државни органи поседуваат материјали од незаконското следење на комуникации, сепак единствено од страна на политичката партија СДСМ доставено е писмено известување во кое е изразена подготвеност за достава на материјалите кои ги поседуваат, а кои потекнуваат од незаконското следење на комуникациите. Предвид наведеното, апелираме до сите кои поседуваат вакви материјали да достават известување до ова Јавно обвинителство, како ние, постапувајќи согласно Законот за кривична постапка, би можеле да ги прибавиме материјалите, наведува Специјалното обвинителство во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...