Мост во хрватскиот град Самобор именуван по Велес

Велес, 30 ноември 2015 (МИА) - Изминатиот викенд во збратимениот град Самобор во Република Хрватска свечено е откриена натписната плоча на мост кој го носи името на градот Велес.

Како што денеска информира за медиумите Дуњамин Мехмед портпарол на Општина Велес, плочата на која пишува „Мост града Велеса“, заеднички ја откриле  градоначалникот на Самобор Крешо Бељак и градоначалникот на Велес Славчо Чадиев.
 
- Трајната поврзаност на двата града влече корени од далечната 1939 година, кога Кочо Рацин основоположникот на македонската современа поезија во печатницата на Драгутин Шпулер во Самобор ја отпечати збирката поезија „Бели мугри” во четири илјади примероци, потсети Мехмед.
 
Повелбата за трајна соработка меѓу двата града Самобор и Велес  е потпишана во 1977 година. Во таа насока е и одлуката донесена во 2012 година за именување на мост по името на пријателскиот град Велес.
 
Инаку посетата на градоначалникот Чадиев била  искористена и за средба со членовите на македонската заедница, а кои живеат во Република Хрватска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...