Партиите предложија кандидати за членови на ДИК

Скопје, 1 декември 2015 (МИА) – Најголемите парламентарни политички партии до претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Зоран Илиоски денеска ги доставиле предлозите за членови на Државната изборна комисија (ДИК).



Виолета Дума која и сега е актуелен член на ДИК и Игор Милев се предлози на СДСМ, Силана Бонева и Сашо Срцев, исто така актуелен член на ДИК се предлози на ВМРО-ДПМНЕ, Субхи Јакупи од ДУИ и Бедредин Ибраими од ДПА исто така актуелни членови на највисокото изборно тело во државата.

Според информациите од Собранието, имињата на експертите што треба да бидат членови на Комисијата се очекува да бидат познати в четврток.

На јавниот оглас што го распиша Собранието врз основа на последните измени на Изборниот законик беа пријавени 52 кандидати, 12 како претставници на политички партии и 40 кандидати како експерти, а тројца кандидати пријавени по двата основа.

Собранието на Република Македонија би можело на седницата закажана за в петок да го изгласа новиот состав на ДИК што ќе брои девет члена и тоа шестмина на предлог на политичките партии и тројца експерти. Претседателот и потпретседателот на ДИК ќе се бираат од редот на експертите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...