Честитка од претседателот Иванов по повод празникот Св. Климент Охридски

Скопје, 8 декември 2015 (МИА) - Претседателот Ѓорге Иванов по повод празникот Св. Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија г.г. Стефан, до сите верници од православна вероисповед, до членовите на Светиот архијерејски синод и до целото свештенство и монаштво.

- Свети Климент е основоположник на Охридската книжевна школа, чии ученици станаа учители на словенскиот свет. Од тогаш, па сè до денес, неговото дело е вградено во секоја буква што ќе ја напишеме и во секој збор што ќе го изговориме. Просветлувајќи нè, тој ни даде голема творечка и духовна слобода и ни остави богато духовно и културно наследство со кое ретко кој народ може да се пофали, вели во честитката Иванов.

Учејќи нè на универзалните вредности и принципи на солидарност и хуманост, св. Климент, како што посочува Иванов, нè повикува „да се обновиме со добрина и со чистота, и животот да ни биде достоен по светост, а не само по име да се нарекуваме христијани“.

- Наредната 2016-та година треба да мине во знакот на одбележувањето на 1100-годишнината од упокојувањето на св. Климент Охридски. Сеќавајќи се на нашиот голем народен светител и учител, треба да останеме достојни на неговото наследство. А тоа ќе го постигнеме ако, во сè што правиме се престигнуваме во добрина. Како чувар на споменот и наследството на св. Климент Охридски, Македонската православна црква - Охридска архиепископија има постојана задача да биде глас на мирот и добрата мисла, утехата и надежта во Република Македонија, се наведува во честитката



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...