Доделeни државните награди „Св. Климент Охридски“

Скопје, 8 декември 2015 (МИА) - Државните награди „Св. Климент Охридски“ за 2015 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштита и унапредување на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија, денеска им беа врачени на проф. д-р Горан Ајдински, проф. д-р Ратомир Грозданоски, на Раде Силјан и на доц. д-р сци. Аспазија Софијанова.

За остварување во областа на воспитанието и образованието наградата ја добија проф. д-р Горан Ајдински, дефектолог и проф. д-р Ратомир Грозданоски, теолог, библист и филолог, додека за остварување во областа на културата и уметноста наградата му беше доделена на Раде Силјан, поет, литературен критичар и есеист. За остварување во областа на здравството наградата ја доби доц. д-р сци. Аспазија Софијанова-педијатар.

Наградите на добитниците на наградите им ги врачи Академик Витомир Митевски, претседател на Одборот за доделување на наградата, кој во обраќањето по овој повод говореше за делото и големото значење на „Св. Климент Охридски“.

Обраќајќи се во име на добитниците на наградите Раде Силјан, пред присутните гости меѓу кои и архипиескопот охридски и македонски г.г. Стефан, истакна дека кога се слави името и делото на Св. Климент Охридски всушност го славиме македонскиот духовен и историски континуитет низ вековите.

- На овој светол празник се навраќаме на традицијата за побргу да се препознаеме во сегашноста. Големото светиклиментово дело е препознатлив белег за Македонците, тоа е сврзното ткиво за нашиот духовен идентитет, непроценливо богатско и наследство по кое се препознаваме како длабок народ, со длабоки корени. Климентовите наследници, писатели, доховници, светители, градители фрескосликари и резбари го продолжиле неговото дело и создавале нераскинлива историска врска, рече меѓу другото Раде Силјан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...