Македонија направи еден куп компромиси во врска со името

Атина, 14 декември 2015 (МИА) - Во врска со разликите околу името имаме длабоко чувство дека направивме еден куп компромиси, како што се промена на Уставот, знамето, прифаќање на привремено навредливо име во ОН... Од друга страна, листата на посакувани отстапки изгледа неограничено, додека претходните обврски да не не попречува во НАТО и во ЕУ, се заборавени, изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски во интервју за „Катимерини“.



- Објаснувањето обично е: ние сме во клубот и вие сакате да се приклучите. Ќе ја платите цената, а во поглед на цената, небото е граница. Искрено, ние не сакаме да имаме таков апсурден спор со соседот, со кој имаме исти стратешки интереси. Тоа е причината зошто учествуваме во процесот. Сепак, за успешен исход треба да ни се даде впечаток дека не ја барате и нашата душа. И вие и ние сме горди народи, изјави Попоски, додавајќи дека „среќата на посилниот (што е во клубот) не треба да се бара врз грбот на соседот“.

Во однос со соработката меѓу Македонија и Грција во врска со кризата со мигрантите и бегалците, шефот на македонската дипломатија вели дека двете земји имаат заедничка цел и оти комуникацијата е подобрена.

- На краток рок, сепак, целта на Грција е да ги префрли сите мигранти што е можно поскоро во Северна Европа, што значи преку Македонија. Логиката е дека потенцијалот на Грција не е неограничен, а приливот на островите е континуиран. Тоа го разбираме. Нашата задача, сепак, не е да прифатиме повеќе од оние што можеме да ги регистрираме и да им се обезбеди  хуман и безбеден транспорт преку Европскиот коридор, вели Попоски и додава дека за ова да функционира, треба да има поголеми напори од страна Грција за регистрација на бегалците и мигрантите и европски одговор, кој може да се примени во однос на долгорочни трендови.

- На нашата граница се оставаат економски мигранти да ја каменуваат македонската полиција од грчка територија, без да се преземат никакви мерки да се спречат нивните обиди неконтролирано да влезат во Република Македонија. Ова е несфатливо. Тоа не треба да се случува, нагласи македонскиот министер за надворешни работи кој во четврток ќе престојува во посета на Атина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...