Премиерот Груевски пред Анкетната комисија за прислушувањето

Скопје, 14 декември 2015 (МИА) - Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето го започна сослушувањето на премиерот Никола Груевски кој беше повикан да сведочи пред Комисијата.
 
Груевски чекаше повеќе од еден час да биде повикан да сведочи бидејќи членовите на Комисијата имаа деловнички несогласувања дали тој треба да влезе па да биде констатирано неговото барање за затворена седница или како што бараа од ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Комисијата Петре Шилегов да создаде услови за одржување на седницата. 
 
-  Денеска сум дојден да одговорам на сите прашања што ќе ги постави Анкетната комисија, да одговорам на сите нивни интереси, да се соочат со вистината. Имаше обид, чекам веќе два часа, од страна на Шилегов и СДСМ да предизвикаат криза. Практично тие немаат друго поле на кое можат да се борат со нас. Слаби се на други полиња и она што се обидуваат да направат е да предизвикаат некаква криза, некаква конфликтна ситуација, некоја деструкција да внесат, затоа што на полето на програмата, на економијата, на земјоделието, на сите други полиња губат. Се гледа дека има огромен страв кај нив, изјави Груевски. 
 
Посочи дека тој постапува согласно Деловникот за да може во една, како што кажа, мирна атмосфера да одговори на сите прашања. - Оваа седница се снима, ќе има стенограми и тие стенограми се валидни, рече Груевски, кој најави дека подоцна повторно ќе даде изјава.   
 
Според утврдениот редослед први прашања на премиерот ќе му постават пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски и Павле Саздов, потоа Горан Мисовски од НСДП, па Талат Џафери од ДУИ и независната пратеничка Роза Топузовска Каревска. Според Деловникот за работа на Комисијата, ќе има три циклуси од по пет минути за прашања и исто толку време за одговор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...