Собранието не ја прифати интерпелацијата на министерот Тодоров

Собранието на Република Македонија доцна вечерва со 56 гласа „против“ и 29 гласа „за“ не ја прифати интерпелацијата за работата на министерот за здравство Никола Тодоров поднесена од пратениците од опозицијата.

Тие побараа оставка на министерот Тодоров, поради, како што наведоа, несоодветното и нестручно управување со здравствениот систем и системски пропусти. Според нив, Тодоров треба да си даде оставка поради смртта на неколку пациенти во измината година, нереализацијата на низа проекти, како и за заминувањето на околу 700 доктори од Македонија.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја оценија интерпелацијата како неоснована и без аргументи. Тие посочија дека за разлика од минатото сега се инвестира во реконструкција и изградба на здравствени објекти, набавена е современа медицинска опрема, реализирани се низа проекти со кои е подобрена здравствената услуга на граѓаните, намалени се цените на лековите и вработен е медицински кадар.



Во попладневниот дел од расправата Горан Милевски од ЛДП обвини дека со давањето на центрите за дијализа под концесијата е зголемена цената на дијализата и за 10 проценти е зголемена смртноста кај овие пациенти и оти лековите се набавуваат неквалитетни лекови по евтина цена.

Министерот Тодоров ги отфрли обвинувањата, истакнувајќи дека од намалувањето на лековите се заштедени 33 милиони евра и оти лековите што се набавуваат се од истите производители од кои се набавувани и во минатото.

- Обвинувате без никакви аргументи. Обвинувате за криминали и пари излезени во странство. Нула денари или евра имам на сметка во странство. Обвинувате за криминални тендери и за висината на цената на лекови. Станува збор за драматичен пад на цената на лековите. Досега се заштедени 33 милиони евра како резултат на намалувањето на цените на лековите. Со тоа им се намали приходот на вашите блиски веледрогерии коишто со сите сили се трудат да ме дискредитираат на секој начин, рече Тодоров.

Како манипулација ги отфрли и обвинувањата дека се набавуваат неквалитетни лекови потенцирајќи дека се набавуваат исти лекови како порано, но по намалени цени.

Во претпладневниот дел на седницата, министерот Тодоров осврнувајќи се на спроведените реформи за време на неговиот мандат меѓу другото истакна дека е отворена Државна кардиохиругрија, Детска кардиохирургија, Интервентна кардиологија во повеќе градови.....



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...