Вајгл, Ховит, Кукан: Целосно да се спроведе договорот од Пржино

Скопје, 12 јануари 2016 (МИА) - Сите страни да не штедат време и напор во брзата имплементација на сите клучни прашања од договорот од Пржино, порачаа денеска во заедничката изјава европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан.



- Ние силно ги повикуваме претставниците на сите политички партии да не жалат време и напори во имплементацијата на договорот од Пржино и на итните реформи. Нагласуваме дека ова е политички приоритет кој е неопходен за земјата да ја надмине политичката криза. Целосната посветеност и фокус на сите политички партии кон преостанатите чекори кон договорот е круцијална. Поради тоа ние ги охрабруваме сите страни брзо да делуваат и да го подготват избирачкиот список со усогласената методологија заради веродостојно ниво на теренски проверки, како и за преземање чекори за унапредување на слободата на медиумите, истакнаа тројцата европратеници во заедничката изјава по серијата средби во Скопје. со претставници на политичките партии, на ДИК, специјалната јавна обвинителка и на граѓанскиот сектор.

Воедно, тројката европратеници го реафирмираа нивниот став дека мора да постои целосна поддршка во земјата за специјалната обвинителка да ја спроведе својата работа.

Европратениците, исто така, изразија загриженост за како што наведоа доцнењата, но и некои ретроградни чекори поврзани со итните реформски приоритети и ги нагласија аспектите од договорот од Пржино кои се однесуваат на структурните реформи, како и на потребата сите партии да се ангажираат во работната група под медијаторство на белгискиот експерт Ванхауте на континуирана основа, вклучувајќи го и периодот на изборите.

- Ние сме убедени дека преземањето на овие мерки и целосната имплементација на договорот од Пржино е патот кон исполнување на демократските аспирации на сите граѓани, како и за задржување на позитивната препорака за отворање на процесот на преговори обезбедувајќи ја со тоа евроатлантската интеграција и европската перспектива, наведуваат во заедничката изјава Вајгл, Ховит и Кукан.

Пратеникот Вајгл подвлече дека по два дена интензивни средби и разговори  има впечаток дека од нивната последна посета на земјата постигнати се многу работи, донесени се многу важни одлуки, а политичките партии докажале дека можат да соработуваат, да најдат договор и да постигнат консензус за најважните прашања за земјата и нејзината иднина. Но, вели, присутни се и различни видувања во однос на динамиката на реформите, пред се во медиумите, како и во сферата на изборите.

- Ние очекуваме дека Македонија ќе продолжи на патот на реформите. Многу малку реформи се испорачани досега. Некои чекори беа преземени, но многу често со задоцнувања. Меѓутоа се уште има процес кој продолжува и можеме ова да го гледаме како позитивен тренд. Меѓутоа времето треба да се искористи рационално. Наш интерес е да имаме демократска Македонија како идна земја членка на ЕУ, рече Вајгл.

Кукан нагласи дека „многу е важно договорот да биде имплементиран сега“, бидејќи тоа ќе го отвори патот напред за земјата, а тоа, вели, „треба да биде патриотска одговорност на сите најважни политички чинители“ во Македонија.

Ховит, исто така, нагласи дека единствената иднина на земјата се заснова врз целосна имплементација на договорот од Пржино, а тоа вели сеу ште не е постигнато. Тој, особено се осврна на мандатот на специјалната обвинителка, која, им изразила загриженост дека судовите го опструираат предавањето на доказите за некои од случаите и побара да се поддржат нејзините амандмани за законот за заштита на сведоците.

Тројцата на крајот истакнаа дека тие се подготвени да и помогнат на земјата во постигнување прогрес во имплементацијата на договорот од Пржино и на натамошниот развој на демократијата во земјата и оти Европскиот парламент ќе биде присутен за време на изборите како демонстрација на неговата посветеност и солидарност со граѓаните на Македонија и со евроатлантската иднина на земјата. 

- Најчесто љубовта кон политичарите ја покажувате за време на избори. Доколку изборите се демократски тогаш вие покажувате задоволство, значи не сте го потрошиле вашиот глас. Но, сметам дека македонските политичари во изминатите месеци покажуваат дека се подготвени на компромис, дека голем напредок е постигнат, дека политичката култура е навистина променета, а исто и јавниот дискурс и се надевам дека нема да има говор на омраза во медиумите. Можам да кажам дека Македонија се модрнизира и тоа е очигледно, оцени Вајгл на новинарско прашање дали македонските политичари се посветени на интересите на земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...