Даниел Дончевски го фати крстот во Скопје

Скопје, 19 јануари 2016 (МИА) - Православните верници денеска го слават празникот Богојавление - Водици кој се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. 

Традиционално, во реките се фрлаат крстови, а оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со фрлањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити. Со Водици завршуваат т.н. некрстени денови.

Како и во минатите години, најмасовно беше во Скопје и во Охрид. Централната манифестација во Скопје се одржа напладне кога архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан го спушти крстот во Вардар од мостот „Слобода“.

Даниел Дончевски и годинава, по четврти пат, го фати крстот во Вардар, во центарот на Скопје.

На чинот на положување на Светиот крст во водите на реката Вардар присуствуваше и претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на парламентарните избори Емил Димитриев.

Претходно, од 9 часот, поглаварот на МПЦ г.г. Стефан богослужеше Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“. 

Празнувањето по повод верските празници Богојавление и Свети Јован Крстител во Охрид е една од најмасовните црковно-верски манифестации во православието, барем во овој дел од светот, како според бројот на посетители на чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро, така и според бројот на верници и гости кои влегуваат во студените езерски води за да го фатат Светиот крст. 

Дваесети и шестгодишниот Петар Рупески од охридската населба Варош беше најсреќниот меѓу стотината верници кои денеска скокаа по Светиот крст што во осветените води на Охридското Езеро го фрли митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, г. Тимотеј.

Празвувањето на Богојавленскиот водосвет во Охрид продолжува и утре, со Денот на рибарите, поточно прославувањето на празникот Свети Јован Крстител.

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по повод одбележување на празникот Богојавление - Водици во Кичево присуствуваше на богослужбата во Соборниот храм „Св. Петар и Павле“ и на церемонијата на положување на Светиот крст, а претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во населбата Хром, кај „Железниот мост“ на реката Вардар.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски присуствуваше на чинот на положување на светиот крст во водите на реката Вардар во Гостивар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...