Јанева образложи зошто исклучила две обвинителки

Скопје, 1 февруари 2016 (МИА) - Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска пред Советот на јавните обвинители даде изјава во врска со отстранувањето на двете обвинителки од тимот. Таа додаде дека останува на Советот да донесе одлука по тоа прашање.

- Пред членовите на Комисијата на Советот за јавни обвинители кажав како сум постапила во врска со тоа, рече Јанева и додаде дека Советот врз основа на нејзината изјава и на изјавите на двете обвинителки ќе донесе одлука.

Јанева вели дека има автономност за таква одлука, но додава дека од почит кон Советот ќе ја почека и нивната одлука.

- Обвителките не доаѓаат работа. Автономноста се знае тука како се толкува. Јас сум таа што одлучува кој и како ќе работи во Обвинителството, не би сакала да коментирам понатаму, изјави Јанева.

Претседателот на Комисијата за утврдување на релевантноста на исказите Сашо Василевски потврди дека се земени изјави од обвинителките Лејла Кадриу и Марија Ѓоревска, како и од специјалната обвинителка Катица Јанева. Тој додаде дека изјавите ќе ги приложат на Советот на јавни обвинители кој на првата наредна седница треба да донесе одлука.

Според Василевски, потребни се итни амандмански интервенции во Законот за специјално обвинителство, бидејќи во спротивно Советот на обвинители и ова обвинителство и во иднина ќе бидат доведени во слични ситуации.

- Мој личен став е под итно да се направат амандмански интервенции во Законот за специјално јавно обвинтелство, затоа што ние ќе се соочуваме со правни нелогичности и вплеткувања со кои тешко би можеле да излеземе на крај, рече Василевски.

Во контекст на тоа, додаде дека Законот за јавно обвинителство познава два система на разрешување - или со разрешување или со давање отказ.

- Во конкретниов случај Катица Јанева ги користи одредбите во Законот и вели дека заради намалениот обем на работа доволни и се десет обвинители во тимот, затоа што Законот за специјално јавно обвинителство исклучиво и ја дава таа надлежност, но самиот чин и постапката никаде не е предвидено во овој Закон што во вакви ситуации, вели Василевски.

Како проблем го посочи и тоа што во Законот за специјалното обвинителство не е предвидена ниту двостепеност во постапката. Додаде дека каква одлука ќе донесе Советот во иднина не може да прејудицира.

- Советот на јавни обвинители во ниту еден момент немал намера, ниту во иднина ќе има намера да и се меша во работата и да ја опструира Катица Јанева, рече Василевски.

Обвинителките Лејла Кадриу и Марија Ѓоревска, како што истакна, се уште се водат во Специјалното јавно обвинителство.

- Јанева нема забелешка на нивната работа, туку таквата одлука е резултат на намалениот обем на работа, а од друга страна двете јавни обвинителки „условно“ кажано кои се отстранети од СЈО децидни се и бараат да се вратат во обвинителствата од кои доаѓаат - Лејла Кадриу во ОЈО Тетово и Марија Ѓоревска во ОЈО Скопје, рече Василевски.

Посочи дека според член 7, став 3 јавниот обвинител ќе биде професионално одговорен за стручните и законски дејствија пред Советот на јавните обвинители. - Советот за јавни обвинители знае дека и да поведе  дисциплинска постапка тоа оди преку Парламент, па да дадат согласност четирите партии, па да се гласа со двотретинско мнозинство, но од друга страна ние имаме право да водиме за делот на стручната работа на специјалниот јавен обвинител, вели Василевски.

Специјалната обвинителка Јанева најави одржување на дополнителна прес-конференција на која, како што рече, ќе го образложи својот став за сите теми поврзани со нејзината работа.

Јанева демантираше дека нејзините обвинители постапувале незаконски во вршење на службената дејност, а во однос на кривичната пријава против обвинителите, повтори дека подносителот на кривичната пријава ќе треба да ги образложи тврдењата.

Јанева најави дека согласно Законот на секои шест месеци треба да доставува извештај за својата работа до Советот за јавни обвинители и до Собранието на Република Македонија и дека тоа ќе го направи на 15 март.

Таа рече дека денеска во Советот не станало збор за материјалите кои опозицијата ги достави во СЈО.

Во врска со информациите објавени во медиумите дека приватно лице поднело тужба против тројца обвинители во Специјалното јавно обвинителство за начинот на кој лицето било испитувано во Обвинителството, Јанева се повика на демантот од Обвинителството. - Предистражаната постапка е тајна и сите сведоци кои се сослушани и кои ќе бидат сослушани ќе бидат предмет на оценка на судот кога ќе се отворат истражните постапки, рече Јанева.

Одговарајќи на новинарско прашање таа потврди дека во СЈО се работи и на  случајот „Мартин Нешковски“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...