Претставници на АВМУ се сретнаа со амбасадорите Бејли и Орав, тема изборите

Скопје, 5 февруари 2016 (МИА) - Претставници на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вечера имале средба со амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.

- Средбата е во рамките на мисијата на ЕУ и САД, во периодот пред распуштањето на Собранието на Република Македонија и не подоцна од 20 февруари, во консултации со меѓународни и локални експерти, да оценат дали се исполнети условите да се одржат кредибилни избори на 24 април, се вели во денешното соопштение од АВМУ.

При оценувањето, како што посочиле амбасадорите Бејли и Орав, ќе се имаат предвид неколку мерки за кои, како што посочиле, има мерливи критериуми: пречистен избирачки список, работењето на Државната изборна комисија, слободата на медиумите и слободното учество на гласачите на изборите - без заплашување.

- Во однос на медиумите беше потенциран фактот дека при оценувањето на избалансираноста во медиумското известување особено е важен тонот на известувањето како и дека оценката за избалансираност е предмет на подолготрајна и посложена анализа, се истакнува во соопштението од Агенцијата. 

Директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски истакнал дека според податоците од мониторингот што го прави Агенцијата, најголемиот дел од медиумите никогаш не известувале избалансирано во изборниот период, поради што на сите радиодифузери кои го прекршиле законот им се изрекувани мерки.

- Оттука и заклучокот дека генерално, проблемот не е во законските решенија туку во начинот на кој радиодифузерите го практикуваат новинарството. Со оглед на тоа што треба да се работи во насока на зголемување на свеста на радиодифузерите за почитување на изборната регулатива, Агенцијата, како и при сите други изборни процеси, во претстојниот период планира да одржи обуки за новинарите и уредниците во медиумите, се истакнува во денешното соопштение од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...