Над 1.500 мигранти пристигнаа на Табановце, најголем дел се упатија кон Србија

Куманово,5 февруари 2016 (МИА) - Во транзитниот центар Табановце, денеска околу пладне пристигна еден воз со единаесет композиции со околу 1.430 возрасни бегалци и над 150 деца. Бeгалците добија храна, облека, ќебиња, топли напитоци и од Црвениот Крст и од невладините организации кои им помагаат на мигрантите кои транизитираат во Македонија. Најголем дел од нив, по кусиот престој во Табановце се упатија кон соседна Србија.
 
Раководителот на РЦУК Куманово и координатор на транзитниот центар, Горан Стојановски, информираше дека обезбедно е греење во сите објекти во центарот и дека во моментов се работи на поставување на дополнителни тоалети, по пет за мажи и жени и два за лица со инвалидитет. Тој соопшти дека до 15 февруари ќе заврши тендерската постапка за решавање на проблемот со тоалетите при што ќе се постави биоразградлив систем кој нема да ја загадува непосредната животна средина, околината, водата, што е во интерес на месното население.
 
- Планирано е и поставување на 23 контејнери исклучиво за сместување на бегалците со можност за спиење, опремени сo кревети и затоплување, така што во наредниот период, не би рекол дека ќе се шириме, туку ќе го надополниме сето она што беше предвидено, а немавме услови да биде достапно, изјави Стојановски.
 
Информираше дека транзитниот центар располага со доволен број објекти и има можност да опслужи повеќечасовен прифат истовремено на 1.000 мигранти кои тразнитираат низ Македонија.
 
Денеска, помош на мигрантите им понуди и Драган Манев, волонтер од Велес, кој изјави дека заедно со сопругата им помагаат на мигрантите со храна и топла облека. Сакаме да помогнеме колку можеме, вели Манев, тоа е човечки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...