Издадени потврди на 1.782 мигранти

Скопје, 7 февруари 2016 (МИА) - Во последното деноноќие издадени се потврди на вкупно 1.782 странски државјани, од кои 625 од машки и 390 од женски пол, како и на 757 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и 10 деца кои патувале без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил.

МВР соопшти дека според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 948 државјани на Сирија, потоа на 442 државјани на Авганистан и на 392 државјани на Ирак.

Во периодот од 00,00 часот на 1 јануари 2016 до 24,00 часот на 6 февруари 2016 година, издадени  се потврди на вкупно 65.184 странски државјани, од кои 26.571 се од машки пол, 14.029 се од женски и 24.460 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 124  деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-31.880, Авганистан-20.447 и Ирак-12.854. 

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 6 февруари 2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во периодот од 00,00 часот на 1 јануари 2016 година до 24,00 часот на 6 февруари 2016 година, до Секторот за азил барање за признавање право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...