Мемети: Да се почитуваат правилата за фер и демократски избори

Скопје, 8 февруари 2016 (МИА) - Народниот правобранител Иџет Мемети во пресрет на предвремените парламентарни избори ги повика сите чинители на изборниот процес да ги почитуваат правилата за фер и демократски избори, со цел на граѓаните да им овозможат избирачкото право да го остварат со тајно гласање, без никакви уцени, притисоци и заплашувања.

- Само со остварување на избирачкото право на еднаков начин на општи, непосредни и слободни избори се добива неспорен и реален легитимитет, рече на денешната прес-конференција Мемети.

Нагласи дека секој има право да се изјаси за својата опција, без притоа да трпи никакви последици.

Мемети ги повика граѓаните да пријават секаква форма на притисок и прекршување на нивните права и на прописите на бесплатната телефонска линија 0800 54321, кај Народниот правобранител и непосредно во подрачните канцеларии.

Народниот правобранител ја повика Државната изборна комисија да подготви квалитетен Избирачки список кој, како што рече, нема да остави никаков смнеж и ќе придонесе за кредибилен изборен процес.

Мемети ја нагласи потребата од поголема соработка на Државната изборна комисија, Министерството за внатрешни работи и останатите надлежни институции во насока на спречување на какви било нерегуларности пред, за време и по изборите.

- За квалитетно спроведување на изборниот процес особено е важно извршната власт да предлага, а Државната изборна комисија да обезбеди објективен и непристрасен избор на изборните органи и истите квалитетно да ги обучи, со цел одговорно да ја извршуваат должноста, истакна Мемети.

Според него, ДИК треба да им овозможи на болните и немоќните лица и на овие избори да гласаат надвор од нивното живеалиште, односно во местото каде што престојуваат (болници, домови за стари лица...)

Мемети ги повика лицата кои се на раководните позиции во институциите на денот на изборите на своите вработени да им определат работно време кое ќе им овозможи непречено остварување на правото на глас.

Клучна улога во заштитата на избирачкото право, како што рече Мемети, имаат и медиумите. - Од особена важност е начинот на кој тие ги пренесуваат информациите. Повикувам на објективно, избалансирано и доследно информирање, приджувајќи се кон етичкиот кодекс за информирање, истакна народниот равобранител.

Во пресрет на кампањата за изборите, Мемети упати апел до сите чинители во изборниот процес да се воздржување од инволвирање на децата во изборните кампањи, со цел децата да бидат заштитени од политички и идеолошки манипулации.

- Ако слободните избори со тајно гласање се столб на демократијата тогаш обврска на сите чинители во општеството е да обезбедат реални услови за слободни и фер избори, додаде народниот правобранител.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...