министерот Спасовски се информираше за состојбите во полициската станица Маздрача

Тетово, 9 февруари 2016 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Горанчо Савовски денеска ја посетија полициската станица во поранешната караула Маздрача што се наоѓа на тромеѓето помеѓу Македонија, Албанија и Косово. Караулата. Според министерот Спасовки целта на посетата е тој лично да се  запознае со условите за работа и живеење на припадниците на граничната полиција во оваа полициска станица.

- Сакав лично да дојдам и на самото место да ги увидам состојбите, потребите и можностите за преземање соодветни мерки со цел на граничните полицајци во Маздрача да им се обезбедат подобри услови за живот и работа. Од ова што го видов оваа полициска станица е со далеку полоши услови во однос на секоја друга  полициска станица во Македонија и треба да овозмоижиме подобрување на условите за сместување, престој и работа.  Затоа сакам истовремено да им оддадам признание и подршка за нивните напори за чување на државната граница и во овие тешки услови. Разговаравме и за промена на системот на сменското работење  каде согласно сегашниот колективен договор е предвидено 12 часа работа и 12 часа одмор во станицата во Маздрача што секако не е вистински одмор но тоа мора да го направиме во соработка со Министерството за труд и социјална политика, изјави Спасовски.

Одговарајќи на прашање околу тоа дали полицијата е подготвена за гарантирање на безбедноста согласно своите законски прописи на изборите што треба да се одржат на 24 април, министерот Спасовски рече дека Министерството е целосно подготвено да обезбеди безбедно спроведување на изборите на било кој датум.

- Во Македонија не е значаен датумот за изборите, туку каков изборен процес ќе имаме и обезбедување услови за тоа. Многу е важно МВР да биде вклучено во прочистувањето на избирачкиот список што ќе придонесе во сите политички субјекти да добијат фер шанса на евентуалните избори кои кога и да се одржат МВР ќе мора да биде во функција на мирот, безбедноста и редот за да може секој граѓанин

Во рамките на својата денешна посета на Полошко минстетрот Спасовски и директорот Савовски  ги посетија и полициските станици во Гостивар и Тетово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...