Општина Неготино додели ваучери за новороденчиња

Неготино, 11 февруари 2016 (МИА) - Градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов денеска на 83 лица им додели ваучери за новороденчиња, од кои на петмина за трето дете. 

Тој ги додели и првите два ваучера во висина од 30 илјади денари за лица над 40-годишна возраст, кои првпат стапуваат во брак.

- Општина Неготино продолжува со реализацијата на проектот инициран од моја страна како градоначалник, кој почна да се реализира од август 2013 година. Со овој проект се доделуваат вредносни ваучери од по седум илјади денари за семејствата кои имаат новородено дете. Се стимулира и секое новородено трето дете, за кое родителите добиват 14 илјади денари. Ги субвенционираме и сите возрасни мажи кои навршуваат 40 години, а ќе се одлучат да склучат брак, соопшти градоначалникот Апостолов.

Тој информираше дека од почетокот на проектот досега се доделени 583 ваучери за новороденчиња. 

- Тоа резултира со зголемување на наталитетот во општина Неготино. Статистички, некаде од минатата година, околу 19 проценти. Затоа и понатаму ќе продолжиме со ваквите мерки, нагласи Апостолов.

Багодарност изразија и лицата кои добија ваучери.  - Мерката е одлична. Ова ни е првороденче, а кога се има мало дете секогаш парични средства се од корист, изјави Ване Дупкаров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...