Во Битола одбележан Денот на руската дипломатија

Битола, 11 февруари 2016 (МИА) - Амбасадата на Русија во Македонија во соработка со Почесниот конзулат на Русија денеска во Битола го одбележа „Денот на руската дипломатија“ - 10 февруари.

Свеченостите започнаа со церемонија на полагање цвеќе на споменикот Руски крст во градскиот парк во Битола од страна на делегацијата дипломати од Амбасадата предводена од амбасадорот Олег Шчербак.

На церемонијата присуствуваа и почесниот конзул на Русија во Битола Даринка Крстанова, делегација од Министерството за надворешни работи предводена од заменик-министерот за надворешни работи Драгана Кипријановска, градоначалникот на општина Битола Владимир Талески, претседателката на општинскиот совет Силвана Ангеловска, ректорот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје Велимир Стојковски, почесни и генерални конзули на други земји акредитирани во Македонија, претставници од руските компании кои работат во Македонија, на здруженија за македонско-руско пријателство и руски сонародници.

Пред присутните многубројни гости обраќање имаше амбасадорот Шчербак.

- Трагичната судбина и моралниот подвиг на конзулот Александар Ростковски загинат од рака на османлијскиот војник уште еднаш потврдува дека дипломатијата е нешто повеќе отколку само професија. Да се биде вистински дипломат означува пред сѐ да се носи голема одговорност за своите дејства и зборови, да се придонесува за зацврстување на мирот, знаењета да се користат за зближување на земји и народи, за проширување на позитивна, а не разрушувачка агенда. Како што е познато, едноставни времиња не постојат и денес руското Министерство за надворешни работи својата дејност ја врши во условите кога ситуацијата во светот, пак, е крајно заострена и не по наша иницијатива, истакна Шчербак.

Потенцира дека се зголемуваат сериозни и опасни предизвици меѓу кои се вооружени конфликти и духот на конфронтација, меѓународниот тероризам и екстремизам, бегалската криза, организираниот криминал, трговијата со наркотични дроги, проблемите повразни со климатски промени, раст на епидемии и недостиг на храна во повеќе делови од планетата.

- Руската дипломатија секогаш се издвојуваше по нејзината отвореност и доследност. Нејзината суштина на овие начела и приоритети е максимално јасна и едноставна. Горенаведените закани можат да бидат надминати само со обединување на напорите на сите држави, одржлив и безбеден свет може да биде само мултиполарен и во тој свет големите и малите земји треба да имаат еднаква безбедност и еднаков глас во меѓународни работи. Единствената вистинска гаранција за постоење праведен глобален светски поредок е сестрано засилување на институтот на меѓународното право, пред сѐ, со зацврстување на централната улога на Обединетите Нации, истакна рускиот амбасадор во Македонија.

Русија, додаде тој, цврсто им се спротивставува на обидите на некоја една држава или на група на таквите држави да му наметне на останатиот свет свои ставови и вредности, да воспостави свои правила на игра заменувајќи ги цивилизираните дипломатски инструменти со политиката на диктат и уцена. Русија, рече, и натаму ќе прави сѐ што зависи од неа за зачувување на не декларативна, туку вистинска рамнотежа на силите во светот.

- Ние високо ги цениме постоечките меѓу Руската Федерација и Република Македонија односи на пријателство и партнерство, што секако придонесува за натамошно зацврстување на заемно корисните врски меѓу нашите културно и духовно блиски народи, како и за зацврстување на мирот и стабилноста во регионот. Мислам дека ќе се согласите дека односите меѓу Русија и Македонија се добар пример за заемнокорисна и рамноправна соработка, заемно почитување и немешање во внатрешните работи, истакна рускиот амбасадор Шчербек.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...