Потпишана Повелба за етичко известување за време на избори

Скопје, 12 февруари 2016 (МИА) - Поголем број медиуми денеска ја потпишаа Повелбата за етичко известување за време на избори која се заснова на основните принципи на новинарското работење.

Меѓу потписниците се телевизиите Канал 5, Сител, Телма, Алфа, 24 вести, Алсат М, Нова и Амазон, потоа Македонската информативна агенција, пишаните медиуми Вест, Капитал, Нова Македонија, Утрински весник, Фокус и Вечер, порталите Локално, Телеграф, Портал, Прес 24, како и Здружението на приватни медиуми кое обединува околу 60 медиуми.

Од Советот за етика во медиумите, кој ја иницираше Повелбата, истакнуваат дека процесот на прифаќање е отворен и за сите останати медиуми кои сакаат да го потпишат овој документ.

Повелбата се заснова на принципите на вистинитост и објективност, избалансираност, јасна дистинкција меѓу информациите и коментарите, чесност и неутралност, професионална солидарност, уредничка незавиност, почит и толерантност, слобода и одговорност.  

- Текстот на Повелбата се заснова на најважните универзални принципи на професијата содржани во документи и публикации на Меѓународната федерација на новинарите, Иницијативата за етичко новинарство, Ројтерс, Репортери без граници, член 19 итн, нагласи Марина Тунева, директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија на потпишувањето на Повелбата.

Според неа, она што е најважно за Повелбата е сите принципи од неа да бидат континуирано применувани во секојдневното работење на медиумското известување.

- Денес многу повеќе отколку порано постои потреба новинарот да биде истражувач на вистината, доловувач на суштината и објаснувач на околностите. Новинарите треба да бидат надвор од сите редови на моќ, политичка и институционална, корпоративна итн., рече Тунева.

Претседателот на Комисијата за жалби при СЕММ, Мирче Адамчевски рече дека како Совет на етика очекуваат потписниците на Повелбата да водат грижа за основните принципи во новинарското работење.

- Се надевам дека вашите потписи нема да останат мртва буква на хартија, дека етичките начела ќе надвладеат и нема да се нарушуваат. Уште помалку дека тоа ќе биде правено додека е свежо мастилото од вашите потписи, рече Адамчески.

Драган Антоновски од Управниот одбор на Советот за етика, побара од сите медиуми заеднички да се обидат и со своето професионално работење да го вратат достинството на професијата и да го сменат исказот „лажат новинарите“ во доверба, вистинитост, навременост и точност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...