Во соборниот храм Светите Кирил и Методиј во Тетово отслужена света архиерејска и божествена литургија

Тетово, 12 февруари 2016 (МИА) - Во соборниот храм Светите Кирил и Методиј во Тетово денеска по повод црковниот празник „Светите три ерарси“, тројца владици на Македонската правослвна црква, митрополитот тетовско – гостиварски господин Јосиф, митрополитот европски господин Пимен и митрополитот кумановско - осоговски господин Јосиф отслужија света архиерејска и божествена литургија.

Христијанската црква на овој ден заедно го празнува споменот на трите светци Василиј Велики, Јован Златоуст и Григориј Богослов.

Во својата беседа пред верниците надлежниот митрополит тетовско гостиварски господин Јосиф посочи дека  празникот е востановен во деветтиот век  во Цариград од страна на епископот Јован бидејќи со тек на времето христијаните започнале да се делат мерејќи кој од тројцата светители е посвет од другите. За да го запре безумието Црквата го установила нивното заедничко и рамночесно празнување на овој ден иако секој од нив има и свој посебен празник.

- И токму овој настан и сето тоа што му претходеше имаше голема смисла и голема порака за нас денешните современи христијани како насекаде во светот така и овде за нас во Македонија. А пораката е дека разединетоста, несогласието, раздорите се само продукт на нашето несмирение и на нашето неправилно живеење како христијани. А гледаме од житието на овие тројца боговенчани мажи на бога дека на бога му е угодна сплотеноста, еднодушноста и едномислието во заедничкото дело ма спасението, рече митрополитот тетовско гостиварски господин Јосиф.

На денешната литургија во Тетово посветена на трите ерарси сослужуваа повеќе архимандрити, игумени и свештеници од неколку епархии и манастири на Македонската православна црква – охридска архиепископија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...