Донација од Министерството за одбрана на САД за транзитните центри за мигранти

Скопје, 12 февруари 2016 (МИА) - Донација од генератори, зимски шатори, вреќи за спиење, ќебиња и друга опрема во вредност од 300 илјади долари од Министерството за одбрана на САД наменета за транзитните центри за мигранти денеска пристигна во магацините на Црвениот крст на Град Скопје во Момин Поток.

На предавањето на опремата денеска присуствуваа американскиот амбасадор Џес Бејли, генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија Саит Саити, како и претставници од  Министерството за одбрана на САД и претставници од Црвениот крст на град Скопје.

Амбасадорот на САД Џес Бејли изрази надеж дека донацијата ќе помогне во критичната мисија на нашата земја за укажување помош на стотиците илјади бегалци кои минуваат тука на својот тежок пат од Блискиот Исток кон Европа. 

- Знаеме дека мнозинството бегалци доаѓаат од зоните на конфликт на Блискиот Исток. Македонија, САД и целата меѓународна заедница имаат основна одговорност да работат заедно, да им пружат грижа и помош со цел да најдат иднина што ветува повеќе, рече Бејли.

Црвениот крст на Македонија, продолжи тој, имаше критична улога во координирање на напорите и донациите од меѓународните институции и Владата на Македонија со цел да се обезбедат најдобри услови во транзитните центри во Гевгелија и Табановце, нагласувајќи дека условите во овие центри многу се подобрени од почетокот на кризата.

- Опремата е само еден од начините на кои САД директно и даваат поддршка на Македонија во справувањето со бегалскиот бран. Во ноември Канцеларијата за воена соработка на Амбасадата донираше зимска опрема на Црвениот крст. Помагаме на Министерството за внатрешни работи во напорите за зголемување на безбедноста на границите и подобро регистрирање и идентификување на бегалците кои минуваат низ земјата, рече Бејли.

Генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија Саит Саити изрази голема благодарност до САД и амбасадорот Бејли за помошта и изрази надеж дека ваквата соработка ќе продолжи и во иднина.

- Се работи за помош во вредност од 300 илјади долари и се состои од опрема што нас како Црвен крст ќе ни помогне да бидеме поефикасни во тоа што значи пружање на помош на мигрантите кои транзитираат низ Македонија, истакна Саити.

Помошта во вид на опрема е наменета за Центарот за управување со кризи, Армијата на Македонија, Дирекцијата за заштита и спасување и за тимовите за одговор при катастрофи при Црвениот крст. Таа ќе биде дистрибуирана преку Црвениот крст до транзитните центри во Табановце и Гевгелија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...