Претседателот Иванов ќе се обрати на 52. Минхенска безбедносна конференција

Минхен, 13 февруари 2016 (МИА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе се обрати  на панел - дискусијата „Кон натамошна евроатлантска интеграција на Југоисточна Европа“ во рамки на 52. Минхенска безбедносна конференција.

На панел-дискусијата ќе учествуваат и претседателите на Хрватска и на Словенија, Колинда Грабар Китаровиќ и Борут Пахор и премиерите на Црна Гора и на Косово Мило Ѓукановиќ и Иса Мустафа. 

Предвидено е Иванов, кој четврти пат учествува на  Минхенската безбедносна конференција,  јави известувачот на МИА, да има повеќе средби со дел од учесниците на собирот, меѓу кои со врховниот командант на НАТО за Европа, генерал Филип Бридлав, со генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер  и со помошник државниот секретар на САД, Викторија Нуланд.

Вчера, на првиот ден од конференцијата, македонскиот претседател имаше средби со претседателот на Словенија Борут Пахор, со министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак и со австрискиот министер за одбрана, Ханс Петер Досјоцил.

Претседателот Иванов на конференцијата е придружуван од македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски.

Собирот, на кој присуствуваат околу 30 шефови на држави или влади и 70-тина министри за надворешни работи или одбрана, се оддржува под засилени безбедносни мерки во минхенскиот хотел „Баерише Хоф“.

Меѓу темите на овој најзначаен форум посветен на меѓународната безбедност се војната во Сирија, европскиот одговор на бегалската криза и иднината на безбедносниот поредок во Европа.

- Денешните војни и кризи се поопасни и потешки од сите оние со кои се соочивме по Втората светска војна. Поради тоа од исклучителна важност е влијателните политичари собрани во Минхен да разговараат и за идеите за прекин на војните и зајакнување на меѓународниот поредок, изјави претседавачот на конференцијата Волфганг Ишлингер.

Меѓу учесниците на Конференцијата се и јорданскиот крал Абдула Втори, претседателите на Полска и Украина, Анджеј Дуда и Петро Порошенко, премиерите на Русија, Франција и Ирак, Дмитриј Медведев, Мануел Валс и Хајдер Ал Абади, американскиот државен секретар Џон Кери и министрите за надворешни работи на Русија и Франција, Сергеј Лавров и Лорен Фабиус.

Минхенската безбедносна конференција претставува најугледен и најреномиран форум на глобално ниво, посветен на прашањата од безбедноста, промовирањето на мирното решавање на конфликтите, меѓународната соработка и дијалог во надминувањето на безбедносните предизвици на денешнината и иднината со особен фокус на трансатлантското партнерство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...