САД и ЕУ: Не се исполнети условите за кредибилни избори на 24 април

Американскиот амбасадор Џес Бејли вечерва пред Владата на РМ ја соопшти заедничката оценка на САД и на ЕУ за тоа дали се исполнети условите за одржување предвремени парламентарни избори на 24 април, согласно Договорот од Пржино.

МИА во продолжение интергално ја пренесува изјавата на амбасадорот Бејли:



„Кога се сретнавме со политичките лидери и изборните чинители на15 јануари во Скопје, се договоривме дека меѓународната заедница одблиску ќе ги набљудува подготовките за, и спроведувањето на предвремените парламентари избори, во моментов закажани за24 април во согласност со нивниот политички договор.

Предвремените избори, како што е предвидено со Договорот од 'Пржино', се планирани како клучен чекор во процесот на реформи, кои би ја вратиле довербата на граѓаните во изборните процеси, би обезбедиле правична конкурентност на идеи и политички гледишта и би овоможиле надминување на политичката криза во земјата. Оваа стратешка цел е повалидна од било кога.

Во текот на изминатите месец дена, во блиска координација со релевантни актери и експерти на меѓународно и локално ниво, како и со самите политички партии, внимателно го следевме напредокот и дававме совети во однос на одредени прашања.

Овие прашања беа јасно и јавно предочени во писмото што ви го испративме на28 јануари. Ние укажавме дека ќе дадеме наша оценка во врска со спроведувањето на обврските од Договорот од Пржино пред да се распушти Собранието, во случај тоа да има потреба да разгледа прилагодување на времето на изборите.

Ние бележиме дека работата на Државната изборна комисија досега, како и наодите на сите релевантни експерти укажуваат дека во оваа фаза, неопходните услови за организирање на веродостојни избори на 24 април, во моментов не се исполнети, иако одреден напредок е постигнат. Исто така, сеуште не е постигнат договор за реформите во медиумите за да се обезбедат порамноправни услови. Ние, исто така сме загрижени во врска со првичните известувања за вршење на притисок и заплашување на гласачи и на други.



Сето ова е многу разочарувачки. Силно ги охрабруваме сите политички лидери, мнозинството како и опозицијата, и институциите да останат целосно посветени на Договорот од јуни/јули, вклучувајќи ги и досега преземените чекори од овој Договор. Ако изборите не можат да се оддржат на предвидениот датум, се очекува од политичките партии да работат со цел да ги преземат неопходните мерки за овозможување веродостојни избори на најраниот можен датум, и со целосно почитување на обврските како и тековната подготвителна работа на Државната изборна комисија. Ние разбравме дека партиските лидери го имаат споменато 5 јуни како можна алтернатива. Сега се потребни сериозни напори од сите чинители да обезбедат услови кои би овозможиле веродостоен изборен процес во кој сите граѓани и партии слободно би учествувале.

Политичките лидери имаат одговорност да ги преземат неопходните чекори да ја вратат земјата на евро-атлантскиот пат со спроведување на политичкиот договор како и Итните реформски приоритети во интерес на граѓаните на оваа земја. Ние ќе продолжиме одблиску да го следиме и мериме напредокот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...