Продолжува судскиот процес за настаните во Дива населба

Скопје, 23 февруари 2016 (МИА) - Судскиот процес против 29 лица обвинети за настаните во кумановската Дива населба кои се случија во мај минатата година треба да продолжи денеска во Врховниот суд. Пред Судскиот совет треба да сведочат полицајци кои учествуваа во акцијата.



Обвинетите се товарат за тероризам и учество во терористичка организација.

На претходните рочишта обвинетите се изјаснија дека се невини и одбраната побара случајот да биде преземен од Специјалното јавно обвинителство. Судијата одговори дека предметот ќе биде предаден на ова обвинителство доколку оттаму пристигне такво барање до судот.

Обвинителството тврди дека нападот во Дива населба бил добро организиран, а обвинетите настапиле со директна умисла.

На 9 и на 10 мај минатата година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.  Убиени беа и десет лица од вооружената група.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...