Претседателот Иванов се сретна со Хојт Ји

Скопје, 3 март 2016 (МИА) - Претседателот Ѓорге Иванов денеска го прими Хојт Брајан Ји, заменик помошник на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Иванов, биле разменети мислења за билатералните односи меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави, за состојбите со европската и евроатлантската перспектива на нашата земја, за актуелностите во однос на бегалската и мигрантската криза, како и за внатрешните политички предизвици во Македонија.

Претседателот Иванов истакнал дека Република Македонија останува целосно посветена на членството во НАТО и Европската унија, притоа изразувајќи очекување од одлучна американска поддршка во пресрет на Самитот на НАТО во Варшава во јули 2016 година.

Во контекст на бегалската и мигрантската криза, македонскиот претседател го информирал соговорникот за активностите што ги презема Република Македонија во справување со оваа криза, притоа потврдувајќи го ставот дека нашата земја се залага за сеопшто европско решение. - До решение може да се дојде само во соработка со Грција и Турција. Тоа е и во интерес на Македонија, нагласил претседателот Иванов.

Во однос на внатрешните политички предизвици, претседателот Иванов подвлекол дека политичките лидери во Македонија преземаа одговорност за справување со политичката криза и потпишаа договор што мора да се реализира. - Целосно спроведување на обврските од договорот е клучно за одржување фер, слободни и демократски избори. Неопходно е да се почитува договорот за да можеме да имаме Влада со чист политички мандат што мора да се справува со сите предизвици, истакнал македонскиот претседател.

На средбата бил реафирмиран интересот на Република Македонија за интензивирање на стратешкото партнерство со САД и изразено очекување за натамошно продлабочување на севкупната билатерална соработка.

Двајцата соговорници размениле мислења и информации и за состојбите во регионот.

Хојт Ји, кој престојува во Македонија, денеска имаше средба и со лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, како и со јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...