Заев: СДСМ нема да учествува на изборите на 5 јуни

Скопје, 6 април 2016 (МИА) - Лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва на прес-конференција во седиштето на партијата по распуштањето на Собранието, соопшти дека тие нема да учествуваат на предвремените избори на 5 јуни, бидејќи не се исполнети условите предвидени во договорот од Пржино.



Според него, избрирачкиот список се уште не е прочистен, не се спроведени реформи во медиумите, ниту е одделена партијата од државата.

- Без слободни избори нема слобода. Со месеци заедно се бориме за слободни и демократски избори, да се врати основиот демократски принцип еден човек еден глас. Да се варти правото на различно мислење. Договорот од Пржино беше потпишан тоа да се обезбеди. Никола Груевски постојано го рушеше договорот од Пржино. Избирачкиот список не се прочистува. Медиумските реформи не се прифатени. Притисоците продолжуваат, рече Заев.

Тој посочи дека не се откажуваат од принципите на кои што инсистираат.

- Заедно со целата демокарастка јавност, во име на тој збор, на тие принципи, во име на демиократијата СДСМ нема да учествува на овие лажни избори, порача Заев.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ и неговите сателити одбиваат фер и демократски избори и почитување на потпишаниот договор, со цел, вели да го заштитат и амнестираат својот криминал и корупција.

Во однос на избирачкиот список, посочи дека ДИК едногласно пред 15 дена усвоил извештај за сомнителни над 330 илјади гласачи, дека мнозинството во ДИК одлучило 124 илјади гласачи да не ги проверува без аргументација, како и дека власта одбила да ги избрише повеќе од половина теренски проверени гласачи кои не биле најдени на нивните адреси.

- На сите им е јасно без слободни избори нема слобода. Таму каде државјани на туѓи држави гласаат во име на граѓаните на Македонија и каде партиски послушници ги крадат гласовите на вистинските гласачи, таму каде ги затвараат устите на сите кои мислат поинаку и каде на целата јавност и ги затвратаат ушите за вистината - таму нема слобода. Демократска Македонија ова нема да го дозволи, рече Заев 

Ги повикува граѓаните без оглед на етничката, верска, политичка или каква било опредлеба да застат во одбрана на демократијата.

На новинарско прашање како ќе делуваат понаму, тој кажа дека ќе ги искористат сите можности кои ги дава Уставот и законите, но не одоговори конретно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...