Приведени 14 лица и запленето оружје и дрога во „Балкан тригер“

Скопје, 22 април 2016 (МИА) - Четиринаесет лица се приведени, а запленети се околу 40 парчиња различно огнено оружје, шест килограми експлозив, 11 рачни гранати, 1.300 парчиња најразлична муниција, 52 килограми марихуана, 14,5 килограми злато и 250.000 евра, во регионалната операција „Балкан тригер“ Balkan Trigger“ што ја спроведе Интерпол од 17 до 19 април со цел спречување на нелегалната трговија со огнено оружје во земјите од Западен Балкан. 



Како што информира денеска МВР,  „Балкан тригер“ трала 48 часа, а биле ангажирани 5.000 полициски службеници распоредени во земјите кои беа дел од оваа операција - Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Словенија и Црна Гора. 

Заради зголемената загриженост за состојбата со недозволената трговија со огнено оружје од балканскиот регион во Европа, кое, како што се наведува, се користи за терористички напади, клучниот фактор за спроведување на оваа операцијата на Интерпол е утврдување на силна мрежа за поефикасно сузбивање на овој вид криминал. 

Околу 43.000 лица беа сопрени на граничните премини, транзитните патишта и посебно определените места за контрола, по должината на целиот регион, со повеќе од два милиона проверки извршени во дата базите на Интерпол, вклучително и базите за потрага по лица, изгубени и украдени документи и украдени патнички моторни возила, соопшти МВР. 

- Неодамнешните терористички напади како во Европа, така и во светот, каде како примарно повеќе се користи огненото оружје од експлозивот, покажа дека потребно е да се направи поефективна контрола, вели Тим Морис, извршен директор во Интерпол.

Целта на операцијата „Балкан тригер“ е да се создаде цврста основа која ќе биде појдовна точка за натамошните активности на земјите во борбата со недозволена трговија со огнено оружје. Покрај полициските службеници кои дејствуваа во сопствените земји, во регионалниот координативен центар во Сараево партиципираа и полициски службеници од земјите учеснички, а кои дејствуваа во корелација со координативниот центар во Генералниот секретаријат на Интерпол.

- Податоците добиени од операцијата понатаму ќе бидат дополнително анализирани со цел добивање на почиста слика за можни потенцијални поврзаности со други кривични дела и терористички активности во регионот и пошироко, се вели во соопштението од МВР.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...