Избирачкиот список ставен на увид

Скопје, 25 април 2016 (МИА) - Од денеска до 9 мај граѓаните ќе можат да проверат дали нивното име се наоѓа во Избирачкиот список, кој денеска е ставен на увид во електронска верзија на веб-страната на Државната изборна комисија (ДИК) и во 34 подрачните единици на Комисијата во земјата. Избирачкиот список треба да биде заклучен до 19 мај.

Увидот преку веб-страната на ДИК (www.sec.mk) граѓанинот може да го направи со внесување на матичниот број и кодот што ќе се појави. Со важечки документи и лично граѓаните може да направат увид во Избирачкиот список во подрачните единици на ДИК, информираат од Комисијата. 

Исто така ДИК преку МНР треба да ги достави посебните изводи од Избирачкиот список до дипломатско конзуларните претставништва на увид за лицата на привремена работа или престој во странство.

Во рок од пет дена од денот на завршувањето на јавниот увид, Избирачкиот список го доставува до политичките партии. Партиите во рок од пет дена односно до 19 мај до ДИК треба да достават барање за запишување, дополнување или бришење податоци од Избирачкиот списпок. По нивните барања ДИК треба да одлучи во рок од три дена од приемот на барањето.

ДИК, како што информираат од Комисијата, денеска треба да одржи седница на која се очекува да биде усвоен конечен извештај од вкрстените проверки и административната анализа за ажурирање на Избирачкиот список и да бидат усвоени одредени одлуки во врска со избирниот процес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...